Верата е жива претстава за она, на што се надеваме, и докажување на она, што не се гледа. Црквата претставува токму тоа. Жива претстава на небесното Царство во кое непрестајно ги примаме небесните дарови што Бог ни ги испраќа преку молитвите и богослужбите, и во која се храниме со пречистото Тело и чесната Крв на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. А светителите се наши небесни закрилници и застапници пред престолот на севишниот Бог, кои непрестајно бдеат и се молат за нас. Затоа верниот народ, длабоко свесен и благодарен за тоа, постојано гради цркви во кои ќе се слави името на Бога и на неговите светии.

Sneakers Store | Mens Flynit Trainers



На 02 август 2009 година се освети црквата посветена на свети Климент, Охридскиот чудотворец, патронот на нашата држава и на нашата Црква, во струшкото село Мислешево. На чинот на осветувањето чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, протојереј Ефтим Велкоски, протојереј Темелко Донески, свештеник Игор Никовски и ѓаконите: Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По осветувањето се служеше света архиерејска Литургија. Потоа, во дворот на црквата, Митрополитот Тимотеј заедно со останатите свештенослужители и присутниот народ, го освети и прекрши празничниот леб, а потоа се прочита Илинденското послание подготвено од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.

Домаќините, во дворот на црквата, имаа приготвено трпеза на љубовта за сите присутни која ја благослови надлежниот Митрополит. Парохискиот свештеник и старешина, протојерејот Темелко Донески, одржа пригодно слово во кое изрази благодарност до Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, кој благоизволи и ја освети новоизградената црква, како и кон жителите на селото Мислешево, и оние што живеат во дијаспората а потекнуваат од ова село, кои со своите несебични и големи прилози и даренија ја помогнаа изградбата на истата.
Црквата „Свети Климент Охридски“ е започната да се гради во 2007 година по проект на покојниот Тодор Паскали, а фрескоживописот е дело на Ѓоко Крстески.

DSC 1500

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

DSC 1510

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3