По повод празникот на света Параскева − Петка Римјанка, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“, протоереј Сашо Богданоски, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, служеше во манастирот „Света Параскева − Петка Римјанка“ во село Оровник, Охридско. Повод за тоа беше осветувањето на фрескоживописот на манастирската црква после што се служеше и света архиерејска Литургија.
bridgemedia | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106
По завршувањето на светата Литургија, во дворот на манастирот се освети и се прекрши празничниот леб, а потоа се изврши и осветување на новоизградениот манастирски конак, којшто пленува со својата убавина и големина. Верниот народ, присутен во голем број, постојано беше собран околу својот возглавител и заедно со него ја споделуваа радоста и благодарноста кон Бога за сите Негови добрини и убавини со коишто нè дарува.
Домаќините имаа подготвено и празнична трпеза за сите присутни, која што ја освети Митрополитот Тимотеј, а потоа следуваше и богата културно-уметничка програма.