На 19 август 2009 година, во манастирот Пресвета Богородица – Пречиста во Кичево, по повод празникот Преображение Христово се отслужи света божествена архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Верниот народ кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христови. После завршувањето на божествената Литургија, Владиката и свештенослужителите го благословија новиот лозов плод. Кон верниот народ Владиката се обрати со пригодно слово кое ви го пренесеуваме во целост.

Running sport media | Sneakers Nike Shoes

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

"Преобразилсја еси на горје Христе Боже, показавиј учеником Твојим славу Твоју, јакоже можаху" - така пее светата Црква во денешниот празнижчен тропар, опишувајќи го евангелското случување, кое се извршило пред крстните страдања на Господа Исуса Христа.

Се приближувале страдањата, а апостолите уште немале примено благодат и не го разбирале тоа што го правел и што ќе го прави Господ Исус Христос. И тие кога ќе ги виделе страдањата на Господа ќе се поколебале, ќе се вознемиреле, ќе се соблазнеле и засекогаш ќе заминеле од Божествениот Учител, а со самото тоа ќе го попречеле делото за спасението на луѓето.

За да го спечи сето тоа, пред своите крсни страдања Господ решил да ја покаже Својата божествена слава. Ние денеска слушавме од светото Евангелие, дека Господ со себе ги зел тројцата Свои ученици - Петар, Јаков и Јован и ги искачил на гората и со молитва се преобразил пред нив. Неговото лице засветлило како сонце, а облеката постанала побела од снег. И се појавиле Мојсеј и Илија, и зборувале со Господа за патот што Му претстоел, за предстојните страдања. Учениците го виделе Господа и разговарајќи со боговидците се восхитувале и се израдувале, а апостол Петар рекол: "Господи! Додро ни е да бидеме тука... да направиме три сеници. Една за Тебе, една за Илија и една за Мојсеј. Уште тој не завршил со зборувањето ги осенил облак и се слушнал глас од небото на Бога Отецот: "Ова е Мојот возљубен Син... Него послушајте Го" ( Мат. 17, 1-5). Тоа е истиот глас што зборувал за време на крштевањето во реката Јордан, но сега додава: Него послушајте Го.

Од страв учениците паднале со лицата на земјата (Мт. 17, 6). Господ ги охрабрил и им рекол: не плашете се. Кога слегувале од планината Господ им заповедил на никого да не кажуваат за тоа што се случило, односно за ова видение (Мат. 17, 7-9).

Ова величествено собитие што ние денеска го празнуваме, ни покажува и докажува: прво, дека Христос не е обичен човек туку дека е Богочовек, Син Божји, кој е посведочен од Самиот Бог Отец, Он ја покажал својата слава пред Своите страдања и водел разговор со Своите пророци.
Од друга страна, браќа и сестри, на овој празник Господ ни зборува дека и ние сме повикани кон такво преображение. Па самата суштина на христијанството и на Православието - е преображението, преображението на целото суштество на човекот - и на душата и на телото. И ние како верни чеда на Црквата сме должни кон тоа да се стремиме.

Преображението на Господа Исуса Христа - тоа е нашето идно преображение за време на второто доаѓање на Исуса Христа на земјава, но ние сме повикани кон тоа, преображение да започне уште тука, на земјава.Така да можеме достојно да Го примиме Господа Исуса Христа во нашите срца. А за да можеме сето тоа да го примиме дефинитивно ние сме должни да се очистиме од нашите гревови и страсти. Ние сме должни да се потрудиме. Апостолите дури се искачиле на планината Тавор, поднеле труд во искаувањето и се молеле таму. Дотолку во духовниот живот е потребен постојан труд на своето срце.

Заади тоа Господ ни дал и пример и образец на молитва, со смирение, покајание, добродетелно служење на нашите ближни. Он нè повикува кон таква делатност, кажувајќи ни ја сопствената заповед и примерот на делување, а ние сме должни да ги знаеме божествените вистини, да се стремиме кон идното блаженство кон што не има повикано Господ. И ние знаеме дека таквите молитви и нашите стремежи не остануваат без внимание, а некои светии дури на земниот живот се удостоиле да го видат нетлениот и нематеријалниот свет, светот на Преображението, и можеле и самите да се преобразат и да бидат удостоени за таа божествена слава на идниот Свет кој ни е ветен на сите нас.

Ова е клучно место во сите вери, по кое Православието се разликува од другите исповедувања. Ние ова го спомнуваме и го прославуваме за време на Велигденскиот пост, поточно во втората недела која е посветена на свети Григориј Палама, кој го изложил учењето за благодатната светлина до онаа висина до каде човечкиот разум може да се издигне. Ние сега имаме такво богатство, и ние сме должни на овој празник да го паметиме, спомнуваме и славиме Преображението, но ние сме должни исто така, не само да си спомнуваме и да доаѓаме во храмот, за за да ги исполниме евангелските барања, туку ние сме повикани кон вечен живот, кон блаженство, кога и телото, душата и духот наш ќе се просветлат во тој свет што ни го покажал нашиот Спасител пред Неговите страдања.

Смислата на овој празник е откриена во кондакот на денешниот ден. "На гората си се преобразил, Христе Боже, и Твоите ученици ја видоа Твојата слава колку што поднесуваа; та, кога ќе Те видат како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдање е доброволно, и на светот да му проповедаат дека си Ти, навистина , Светлината на Отецот".

На секој еден од нас ни е дадено ова да го разбереме според нашите способности и сили, како и на апостолите што им било дадено :"јакоже можаху - колку што поднесуваа", но никој не е ослободен од молитвениот труд, да повикува на очистување, на просветување и преображување. И ние на овој празник да го примиме повикот на Господа Исуса Христа и да му речеме на нашето срце: "Да ни засветли и на нас Твојата светлина секогаш присутна" Амин.

DSC 1

DSC 2

DSC 3

DSC 4

DSC 5

DSC 6

DSC 7

DSC 8

DSC 9

DSC 10

DSC 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6