Со празнични Вечерни богослужби во сите цркви и манастири во Дебарско-кичевска епархија започна празнувањето на  Раѓањето Христово – Божик. По тој повод, во црквата „Свети Петар и Павел“ во Кичево, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј служеше празнична вечерна богослужба  во сослужение на: протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протојереј Војне Ристески, јереј Стевче Тошески, јереј Ристо Камбуроски, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на вечерната богослужба, Владиката ги благослови бадниковите гранчиња, а истите од страна на свештениците беа разделени на верниот народ кој во огромен број беше се собрал во храмот молитвено да го прослави Рождеството на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Кон благочестивиот народ Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

 

Running Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Наоѓајќи се во предвечерието на големиот празник, Рождеството на Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во овој свет храм треба да се потсетиме на големата улога и знечењето на овој историски настан. Во оваа свештена ноќ на светот ќе му се јави големата благочестива тајна на Богоовоплотувањето. Без оваа тајна светот сè уште ќе офкал од тежината на гревот и на злото. Светот ќе доживеел целосен слом или крах, и ќе се изгубеле сите морални вредности. Можело да се случи физичко истребување на луѓето.

Од преголемата љубов кон севкупното создание а, пред сè љубовта кон човекот, Синот Божји, во еден историски момент ќе се овоплоти во човечко тело. Синот Божји, Господ Исус Христос, се родил во определено географско место исполнувајќи го небесниот, божествен спасоносен план.

Раѓањето Христово е дар од небото на земјата. Рождеството Христово е божествено снисходење и милост кон човечкиот род. Синот Божји дојде на земјата да ни ја открие тајната на Бога - Отецот, Синот и Светиот Дух, и за да ја измени нашата греовност и неправда со својата Божествена светост и праведност. И не само да ја измени, туку и доброволно ги зел на себе гревовите на светот, со своето телесно умирање, умртвувајќи ги на голготскиот крст.

Синот Божји дошол кај нас за да го помири небото со земјата и Бога со луѓето. Тоа помирување Тој го посведочил со Својата крв, и со Својот искупителен подвиг. Синот Божји дошол во светот, преку своето воскресение да му дарува на луѓето сеопшто воскресение и вечен живот, а со своето вознесение на небото да го врати во прегратките на Отецот секој човек кој го сака тоа.

Раѓањето Христово ни го дава Господа Исуса Христа. Ни го дарува за да го познаеме преку љубовта, благоста и милоста Божја. Рождетството Христово ни ја дава Пречистата и преблагословената Дева Марија - како посредница, покровителка и заштитничка. Рождеството Христово ни го открива како пријател, и покрај тоа што во Бога, со длабоко разбирање на вистинитоста на христијанството сите ние, луѓето, сме деца Божји, а помеѓу себе браќа и сестри. И како такви ја населуваме вселената и сме членови на едната, света и апостолска црква. Раѓањето Христово на секој човек му ги дава сите средства и можности за создавање на царството небесно на земјата и постигнување на вечно спасение.

„Та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен” (Јов. 3, 15)

Рождеството Христово е голема тајна, прстенување на Бога со човекот, тајна недостижна и достижна, тајна Божествена и човечка, тајна небесна и земна.

Христос секогаш е помеѓу нас и мистички и реално. Тој е секогаш во светата тајна Евхаристија, во молитвите и трудот, во храмовите и во секој животен пат: ,,Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот” (Мат. 28, 20).

Да допуштиме на нашата душа секогаш да биде подготвена за сместување на воплотениот Бог заради нас, а нашето срце да биде престол на кој ќе царува Христос вечно. Амин.

            Митрополит Тимотеј

kicevo060120101

kicevo060120102

kicevo060120103

kicevo060120104

kicevo060120105

kicevo060120106

kicevo060120107

kicevo060120108

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6