На 31 јануари, кога Црквата го слави споменот на свети Атанасиј Велики и свети Кирил Александриски, во манастирот свети Атанасиј, метох на Светинаумовата обител во присуство на многуброен верен народ се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум“, протојереј-ставрофор Тоди Јован, Албанска православна црква, игумен Јосиф, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта – Струга, свештеник Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓуноски. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме. После завршувањето на светата Литургија, во средината на храмот Митрополит г. Тимотеј заедно со останатите свештенослужители го благословија и прекршија празничниот колач.
affiliate tracking url | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , IetpВо името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,
Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, поучувајќи го народот Божји за спасение најчесто се служел со најобични примери од секојдневниот живот. Еден таков расказ слушнавме и во денешното свето Евангелие, во оваа втора подготвителна недела пред Великиот пост. Господ Христос, оваа парабола не ја нарекол како што ние ја нарекуваме, туку е наречена од луѓето во Неговата црква како парабола за блудниот син. Во овој пример, кој го слушнавме во светото Евангелие, ако вистински и христијански се замислиме, ретко кој од нас нема да се препознае, било во постариот или во помладиот син.
Слушајќи го расказот, нас ќе не натажи жалоста на таткото за загубениот син, кој излегол од топлиот родителски дом, го зел својот дел од имотот што му припаѓал, отишол по белиот свет, го истрошил, го испил, го изблудничил и се довел на питачки стап. Бил желен и за корењата што свињите ги јаделе, но и тие не му ги давале. Но, истовремено ние слушаме и се радуваме со радосниот татко кој се израдувал кога го видел својот блуден син и, исто така со радоста на блудниот син, кој нашол во себе сила и волја да се покае и да се врати во родителскиот дом.
Во настанот со блудниот син секој од нас може и е должен да се види себеси своите заблуди, но, заедно со тоа и можноста да се вразуми. Секој може и е должен да го почувствува благодатното и радосното престојување кај својот родител, можноста да ја ползува родителската љубов, независно од тоа колку е болно кога ние отстапуваме од родителските завети, живеејќи произволно, грешно и расипнички.
Преку овој евангелски расказ Господ Исус Христос му покажува на секој човек, не само за неговиот однос кон телесниот родител, што не го исклучува и тоа, туку за неговиот однос кон Отецот Небесен, покажувајќи ни како треба да се однесуваме кон нашите должности кон Бога.
Господ е Татко на сите луѓе. Сите луѓе се чеда на Небесниот Отец и помеѓу нив постои еднакво општење. Кај Небесниот Отец има многу љубов, многу милосрдие и дарежливост. Затоа што Он е највисока и апсолутна љубов, и тие добрини богато ги излива врз сите луѓе, како на добрите, така и на лошите, на покорните и на непокорните деца. Небесниот Отец ни дал живот и сè што е неопходно за овоземниот живот но, истовремено, и за вечниот живот. Ние како деца на Небесниот Отец, но и земни синови не секогаш правилно и достојно ги позлуваме богатствата на Отецот. Честопати ние се раководиме според сопствени желби, задоволства, страсти, пороци, гревовен ум и задоволување на телесните желби. Примајќи го од небесниот Отец и самиот живот и сè што е неопходно за животот, ние одиме во далечна земја и се оддаваме на сите овоземни нешта. И таму пропаѓаме во една темнина, живеејќи развратен живот, кој доброволно сме го избрале.
Ако секој еден од нас има доволно сила и храброст да погледне на себе, не се потребни посебни докази да се убеди во тоа дека сите ние, кој повеќе кој помалку, во нашиот живот сме правеле грешки, сме нанесувале болка на нашите родители, неправди и слично. Но настапува и ден, за кој што се молиме, да настапи што поскоро кај секој блуден син. Кога ќе потроши сè, разочаран и безнадежен ќе започне да се кае и се враќа во родителскиот дом. И од блудното живеење во далечните земји ќе се врати во топлиот родителски дом. И добар е тој човек кој, по примерот на блудниот син, на крај ќе најде сили во себе да го признае својот грев и да побара опростување и примање во родителскиот дом, и тоа не како син, туку како наемник.
Евангелскиот блуден син се вратил кај својот отец, откако потрошил сè, што имал со себе како расиспник. Доаѓајки кај својот отец и примил повторно сè, не барајќи ги правата синовски туку како најмал наемник. Секој еден од нас може да се најде во слична позиција, независно колку се има оддалечено од татковскиот дом, од Црквата, од Бога, од вистина. Доколку се опаметиме и дојдеме на здрав разум и доколку најдеме сили во себе да се вратиме кон вистинскиот свет и љубов и неизменливо ќе примиме проштение и првобитната љубов од небесниот Отец.
Блудниот син од Евангелието уште додека бил на патот кон родителскиот дом, таткото ја видел неговата намера, ги раширил своите прегратки и го прегрнал својот син со љубов и опростување.
Таква судбина го чека секој грешник кој се кае. Доколку грешниот наоѓа сили во себе да се врати кон Отецот, Господ му го враќа богатството кое тој нерзумно го растурил со грешниот живот и му го враќа достоинството на син.
Блуден син но, сепак, е син. И тоа е многу важно да се зане. Синовство, тоа е огромна чест и безконечна возможност на секој човек. Какви грешки да направиме, какви престапи да сториме, ако имаме во себе сила и храборост да побараме милост и прошка, нашиот Господ има љубов за да нè прими.
Драги хриситијани, светите оци во своите толкувања во младиот син ги препознаваат сите многубожечки народи, кои многу грешеле и кои лутале по разни многубожества. Но, кога доаѓа Синот Божји да го проповеда Евангелието, тие се враќаат кај вистинскиот Отец небесен и го засакуваат законот небесен и спечелауваат вечен живот. Додека, пак, постариот син, кој живеел и се трудел да ги почитува сите родителски наредби, кој не се израдувал на својот изгубен брат, туку се натажил, го симболизира Избраниот народ, или Еврејскиот, кој ќе го отфрли Христа и ќе остане горд, крут и неприемлив на законот и прописите на црквата Христова.
Прославувајќи го денеска големиот исповедник и учител на светата Православна црква, свети Атанасиј Велики, кој многу труд и страдања поднел во својот живот заради Христа, заради верата православна тој да ни биде наш молитвеник. Со неговата помош да можеме и ние да се покаеме и да побараме прошка за сите наши престапи и гревови, и достоинствено да го изодиме престојниот Велигденски пост и радосно и очистени да го дочекаме славното и победонсното Христово Воскресение.