Светата Православна црква на 4 февруари го слави споменот на апостол Тимотеј, еден од Седумдесеттемина апостоли, кој како постојан сопатник на апостол Павле, ја обиколил Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. За него, апостол Павле вели дека бил „вистински син на верата“ и како ревносен проповедник на Христовото слово многу придонел во ширењето на христијанска вера. По повод именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник се служеше архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Владиката Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Сашо Богданоски, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Ромео Петрески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски.
Mysneakers | Gifts for Runners
На божествената Литургија присуствуваше мноштво верен народ, кој соборно и молитвено беше се собрал да му го честита именденот на својот Пастироначалник. По завршувањето на светата Литургија се благослови и прекрши празничниот леб. Потоа во резиденцијата на Митрополит Тимотеј, за сите присутни беше поставена трпеза, каде што, во текот на денот беше извршен прием на голем број верници, соработници, пријатели од Охрид, Струга и пошироко.
На многаја лета Високопреосвештени Владико!