Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Нашиот Господ, Исус Христос кој го љуби човечкиот род, уште еднаш нè удостојува да се најдеме на патот на светиот и велигденски пост, кој, според црковната терминологија го нарекуваме света Четириесетница.

latest Running | New Balance 530 "White" MR530SG - MR530SG


Ова време ни се дава за покајание и за наше духовно обновување. Со што е потребно да го започнеме тоа обновување? И како е должен да го извршува секој христијанин? Во тоа ни помага самиот Господ со Својата животворна благодат. На тој пат нè раководи црквата Христова.
Медицинската наука дава цел список на лекарства за човекот да го поткрепи и сочува телесното здравје, и да ја избегне предвремената смрт. Ние, пак, луѓето тие прописи се трудиме правилно да ги почитуваме и да се однесуваме според препораките што ни се дадени од лекарите. Но покрај тоа што имаме тело, ние имаме и душа, која, исто така, е подложна на болести. А секој верник, според заповедтта Божја, е должен постојано да си спомнува за тоа. На секоја болест ѝ претходи, во духовна смисла духовна смрт - грев со неговите телесни последици. Гревот ја оддалечува од Изворот на животот - од Бога и ја лишува од спасителната благодат.
Нашите свети угодници го имаат изодено тој пат и постигнале совршенство со таквите исполнувања. Тие се примери за угледување кон духовното обновување и совршенство.
Полесно е да се направи грев, отколку да се искорени тој. За да се избегне гревот неопходно е секој христијанин, пред сè, да ги избегнува поводите што нè водат кон грев: разни настани, соблазни кои претходат на паѓањето во грев. За да се одврати од гревот неопходно е човекот да си спомнува за смртта, за неизбежниот праведен Божји суд, за сеопштото воскресение и за животот вечен.
За да се одвратиме од гревот и да се избавиме од духовна болест, на секој верник му помага силната вера и христијанската надеж. Колку е убаво сè да се набљудува и сè да се оценува со очите на верата. Верата и надежта нè приведуваат кон вистинското покајание, кон праведен живот, му даваат на човек сила, крепост, и познавање на своето достоинство и Божјото милосрдие. За да го спречи паѓањето во грев или, пак, да се покае по паѓањето, човекот тоа може да го направи кога има љубов кон Бога и кон луѓето. Со оваа добродетел започнува човечкото обновување. Самиот Христос вели: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при Него и живеалиште во него ќе направиме. Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое; а словото, што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме прати” (Јов. 14, 23-24). На друго место, пак, вели: „Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова” (Јов. 15, 10). Сметаме дека нема потреба многу да зборуваме колкаво значење има, во личниот и во општествениот живот љубовта еден кон друг. За неа најдобро се изразува големиот апостол Павеле во своето Прво послание до Коринтјаните: „Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува, сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува” (13, 4-7), како што вели и нашиот Спасител: „Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас” (Јов. 15, 12).
Најголем пример на пожртвувана љубов кон човечкиот род имаме во лицето на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Во сите овие изминати 20 векови Него го следеле сите светители и сите Божји угодници, кои со љубов ги извршувале нивните подвизи со што ги воодушевувале, не само луѓето, туку и ангелите.
Љубовта ни помага во секој човек да видиме создание Божјо и така кон него да се однесуваме, со должно внимание и почит. Секој еден од нас има потреба од снисходливост.
Светата православна црква оваа недела ја нарекува проштална вечер и Господ од нас бара, ако сакаме достојно да влеземе во оваа седмица и во големиот Велигденски пост, да се помириме со нашите ближни. Тој поставува едно просто и едноставно барање, кое претставува многу јасен евангелски принцип: „Сè она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти тоа се Законот и Пророците” (Мат. 7, 12). Ова е златно правило ова е мерило на човечкиот живот. Како што ти ќе постапуваш, така ќе постапуваат и со тебе; ако проштеваш и тебе ќе ти простат; ако им памтиш и тебе ќе ти паметат. Ако се сожалиш на некого и на тебе, во одредено време, ќе се сожалат; ако некого поддржиш и тебе ќе те поддржат; ако поделиш нечија радост и твојата ќе биде поголема; ако, пак, ја поделиш маката и твојата ќе биде полесна и полесно ќе ги преживееш и другите животни грижи и тешкотии што те снаоѓаат во животот.
Драги браќа и сестри, простувањето е тежок подвиг. Тежок е од повеќе причини. Тоа се противи на човечката логика и на т.н. човечко достоинство, преку кое честопати сакаме да го покриеме нашето самољубие, нашата заслепеност, нашата гордост и останатите пороци од овој вид.
Драги браќа и сестри, ако сакаме, не само по име да се нарекуваме христијани, туку и да живееме според принципите на светата православна црква во оваа вечер, кога се собравме во оваа света црква да испросиме од Бога благослов и да си простиме еден на друг. Јас, како ваш архиереј, познавајќи се како човек и како грешник, од сите барам прошка за сите направени грешки, знаени и незнаени, независно дали се направени со збор или со дело, но, истовремено на сите ви проштевам и просам од Бога милост Божја и небесно благословување и простување. Амин!

Митрополит Тимотеј

ohrid150220101

ohrid150220102

ohrid150220103

ohrid150220104

ohrid150220105

ohrid150220106

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6