Во Охридското архиерејско намесништво, првите четири дена од првата недела на Великиот пост, великопосните богослужби се извршуваат со едноцрквие во црквата света Богородица – Каменско. На богослужбите присуствуваат сите свештенослужители од намесништвото возглавени од Митрополит г. Тимотеј и по определен распоред дел од нив земаат учество како чредни (дежурни) свештенослужители, кои ги извршуваат богослужбите, а останатите како пеачи на двете певници.
Nike footwear | New Balance 991 Footwear
Согласно Типикот на Православната црква, во секоја среда и петок од Великиот пост се служи Литургија на Претходноосветени Дарови. Денес, во првата среда од светата Четириесетница, во присуство на мноштво верен народ, Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Сашо Богданоски и ѓакон Димче Азески служеше света Литургија на Претходноосветените Дарови. Дел од верниците пристапија кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христова, но голем беше и бројот на верници кои тримерат, односно во првите три дена не вкусуваат храна и вода, па после завршувањето на Преждеосвештената Литургија пристапија да примат по една лажичка агиазма (осветена вода).
После завршувањето на Преждеосвештената Литургија, според востановената пракса, сите свештенослужители од Епархијата пристапија кон света тајна Покајание со исповед што ја изврши неговото високопреподобие архимандрит Нектариј. Потоа во административната канцеларија при црквата, на ниво на Дебарско-кичевска епархија под раководство на Владиката г. Тимотеј се одржа свештеничко собрание на кое се разгледуваа пастирски, административни и други актуелни прашања од животот на Епархијата и Црквата.