Во првиот петок од Великиот пост, во црквата "Света Богородица - Каменско" во Охрид, попладнето на 19 февруари, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј служеше Мало Повечерие со првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.

Согласно Цариградскиот устав, Акатист кон Пресвета Богородица за време на Великиот пост се служи првите четири петоци, и во секој од петоците се служи по една статија од Акатистот, кој е поделен на четири статии во рамките на Канонот, додека, пак, во петтата недела од Великиот пост се служи целиот Акатист.

По завршувањето на богослужбата, Владиката г. Тимотеј, кон верниот народ се обрати со поучно слово кое целосно Ви го пренесуваме:

Buy Kicks | adidas Yeezy Boost 350

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Оваа Прва недела од Великиот пост, во сите богослуженија што ги извршува светата Православна црква, а особено на Великото повечерие, со канонот на свети Андреј Критски, што го слушавме во овие изминати четири дена, многупати ги слушнавме плачењата и тажењата на нашата прамајка Ева заради непослушноста кон законот и прописот на Бога, заради кое нашите прародители биле истерани од рајската градина. Денеска, пак, во Акатисните песни, посебно во икосите, Црквата нѐ потсетува на смиреноста и послушноста на Пресвета Дева Марија и на нејзините заслуги за спасението на севкупниот човечки род. Поради таа причина ние неизмерно се радуваме.

Пресвета Богородица е највеличествен и најсветол дом Божји, украсен со најголемите вредности од овој свет. Црковните поети ја нарекуваат златен жртвеник, многумиризливо кадило, неувенлив венец и со многу други возвишени епитети. По својата возвишеност и чистотата на нејзината душа и срце, таа е и божествена царска трпеза и скапоцен сад. Таа за нас е и златна врата. Низ таа врата со небесна светлина е просветена целукупната вселена. Таа е родна маслинка од која Светиот Дух зел свежа гранка - Господа и Спасителот на човечкиот род, заради кои Он ќе пострада.

Пресвета Дева Марија е пофалба на девојките и радост на мајките, и заедно со тоа и радосен глас на ангелите: „Радувај се благодатна. Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените“ (Лк. 1, 28) и на друго место се вели: „Не бој се Маријо, бидејќи си нашла милост пред Бога и ќе родиш Син и ќе му дадеш име Исус“ (Лк. 1, 30-31).

Господ ја избира света Дева Марија бидејќи била најдостојна од сите девојки во целиот свет. Преку првата жена, прамајката Ева, во светот се дојдени тагите и маките, додека преку Света Дева Марија односно преку Света Богородица доаѓаат радоста и утехата. Таа е света и достојна да Го носи Бога. Таа го носела во себе Оној за Кого вели свети апостол Павле: „И Кој, бидејќи светот на славата и обличје на неговато суштество и држејќо сѐ со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови седна од десната страна на престолот на величието во висините“ (Евр. 1, 3). Не само што се вохитуваме на нејзината чистота туку, исто така, и на предноста на нејзиниот дух. Затоа светата Црква и воскликнува: Господ е со тебе; Господ е од Тебе; Господ кој како многомилостив ги спаси оние кои се создадени според образот Божји, затоа ние луѓе сме должи од длабочината на својата душа и срце да извикаме: „Радувај се и весели се, Господ е со тебе“ - самиот Извор на нашето Спасение.

Драги браќа и сестри, да упатиме искрена молитва кон Пресвета Богородица, нашата заедничка мајка: „Пресвета Богородице, мајко наша, моли го твојот Син да ги спаси нашите души, а на тебе ти принесуваме слава и благодарност што секогаш нѐ заштитуваш и покриваш со твојот омофор од секаков грев и од секакво зло во овој свет. Пресвета Богородице спаси нѐ“.

 DSC 1447

 DSC 1448

 DSC 1463

 DSC 1468

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6