На 21 февруари 2010 година, прва недела од Великиот пост, наречена Недела на Православието, во црквата „Света Богородица - Каменско“ во Охрид, во присуство на многуброен верен народ се служеше света Василиева Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше надлежниот Митрополит г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Митре Попоски, протојереј Сашо Богданоски, јереј Љупчо Симиџиоски, јереј Игор Никовски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски. За време на светата Литургија, Митрополит г. Тимотеј во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Димче Азески, референт на Дебарско-кичевска епархија. Верниот народ, кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвата Христова. Кон верниците Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

Best Nike Sneakers | adidas garwen spezial white shoes - New In Shoes for Men
 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,
Од мала семка изникнува дрво. Колку корењата се пуштаат во земјата толку дрвото расте над земјата. Тоа дрво постапно расте, ги раширува своите гранки и се возвишува во небесните височини. Околу него беснеат разни олуи, невремиња, бури, ветришта. Слабите листови од дрвото паѓаат и слабите гранчиња можат да се скршат, но самото дрво стои неповредено. Така, и од малкумина луѓе кои беа собрани во Сионската одаја, и кои го примиле Духот Свети, израсна величествено дрво Црквата Христова. Со своите гранки ја покри целата вселена, нејзините корени се пуштени длабоко низ вековите, а висината пак, го достигна Небесното царство.

Колкави бури, напаѓања претрпела црквата Христова. Колку богоубијци јудеи, колку злосторници од римската империја, колку злобни еретици, колку безумни расколници, адски безбожници, болшевички терор - севкупен адски пекол, станал против Црквата, невестата Христова. И што постигнаа? Насилството и лажното адско воинство ги отргнало слабите, ги одвратило маловерните, ги соблазнило гордите, а Црквата живее и расте, и сите страдања ѝ служат за вистинско торжество. Тоа е така затоа што, аголен камен на Црквата е - самиот Господ Исус Христос, Божјата сила и Божјата премудрост. „Побрзо ќе исчезне сонцето отколку Црквата“> вели свети Јован Златоуст.

Црквата Христова свети апостол Павле ја споредува со вечен храм Божји, изѕидана од „живи камња“> - верни следбеници на Спасетелот. Во Посланието до Ефесјаните апостол Павле вели: „Зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник самиот Исус Христос врз кого целата зграда, стројно зглобена прерастува во свет храм на Господ; врз кого и вие ќе се соѕидате врз живеалиштето Божјо преку Духот“ (Ефес. 2 20-22). Синот Човечки ги предупредувал Своите ученици за искушенијата, за гонењата, за страдањата кои им ги подготвувал светот кој лежел во зло, повикувајќи да го подржат Него, Кој немал каде да се засолни и Кој ќе ја пролее и Својата скапоцена крв на крстот. Целата историја на Црквата е напишана со крв и со солзи. Низ минатите векови Господовите подвижници за својата вера православна претпеле најразлични гонења, убивања, палења и какви сѐ не страдања, се заради Црквата и заради Христа. Тие се живите камења што го градат неракотворниот храм Божји и црквата Христова.

Откако ќе престанат надворешните непријатели и гонители на Црквата, како што ги спомнавме, најпрво Евреите, а потоа и римските императори и други моќници, ќе се појават внатрешни бунтовници и разорувачи на Црквата Божја. Прво ќе се појави безбожниот Ариј, презвитер Александриски кој погрешно ќе учи за второто лице на Света Троица. Неговата ерес ќе биде причина да се свика и Првиот Вселенски собор 325 година во Никеја денешна Турција. На тој Собор ова погрешно учење ќе биде осудено и ќе биде составен Символот на верата до 9 член. Потоа ќе се појави Македониј кој погрешно учел за трето лице на Света Троица дека излегува од Отецот и од Синот, за што ќе се свика Вториот Вселенски собор во Цариград, каде ќе биде дополнет и Символот на верата со уште четири члена, кој и денеска го читаме. А Символот на верата се чита на секоја Литургија, како и на светата тајна Крштение. Потоа ќе се појават и други еретици како што се: Несториј, Евтихиј и други. Но Црквата Христова, или големото дрво ќе биде сериозно разнишано во седмиот век, кога ќе се појават лажни учители иконоборците. Иконоборечката ерес учела дека не се потребни икони, крстови и други симболи во Црквите. Кон оваа ерес се приклучувале и многу ерарси а особено византиски имератори. Во овој временски период, најголемо зло на Црквата во уништувањето на икони, фрески и свети реликвии ќе нанесат токму овие иконоборци. Во 787 година ќе се свика Седмиот Вселенски собор во Цариград и оваа ерес ќе биде осудена. Но и покрај овој Собор иконоборците ќе продолжат да делуваат уште скоро цел век. Така цариградскиот патријарх Методиј и царицата Ирина, во 842 година, на најсвечен начин повторно со свечена литија ќе ги вратат иконите и светите реликвии во катедралата „Света Софија“ во Цариград. Тогаш ќе се воведе и овој празник, кој светата Црква го нарекува Триумф на Православието или Недела на Православието кој се прославува секоја година во Првата недела од Велигденскиот пост.

Црквата Христова е непогрешлива во своето учење, во своето исповедание и во својата традиција - светото Предание. Кога велиме дека црквата е непогрешлива, тоа не значи дека во историјата па и денеска нема луѓе во црквата почнувајќи од мирјани па и свештеници, монаси и епископи и поглавари кои паѓале во ереси и заблуди. Но, тоа се лисја од големото дрво кои паѓаат и се требат, но дрвото Црквата Христова, останува непоколеблива, неповредена, бидејќи неа ја води Светиот Дух, а како што кажавме, нејзин пастир и нејзина глава е Господ Исус Христос.

Драги христијани, и ние денеска кои сме собрани во овој свет храм да го прославиме празникот победа на Православието, да се поучиме од историјата и да се угледаме на Божјите угодници, кои пролевале крв и го запечатувале светото православие со своите животи но, не се откажале од Црквата, од Христа, од иконите, од крстот, од реликвиите, од светите мошти. Исто така, можат да ни бидат за пример и Божјите угодници и подвижници кои лееле солзи не само за спасение на нивните души, туку за спас на секоја христијанска душа. Се молиме и ние да се покаеме, да се осознаме и да го избере вистинскиот пат, оној пат кој води кон спасение и кон вечен живот. Амин!

21.02.2010 година, Недела на Православието,
црква Света Богородица - Каменско, Охрид

2010022101

2010022102

2010022103

2010022104

2010022105

2010022106

2010022107

2010022108

2010022109

2010022110

2010022111

2010022112

2010022113

2010022114

2010022115

2010022116

2010022117

2010022118

2010022119

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6