На 19 март 2010 година, петта недела од Великиот пост, во црквата „Света Богородица- Каменско“ во Охрид, со почеток во 16 часот, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на парохиските свештеници служеше Акатист кон Пресвета Богородица. Согласно Цариградската типик, Акатист кон Пресвета Богородица за време на Великиот пост се служи првите четири петоци, и во секој од петоците се отслужува по една статија од Акатистот, кој е поделен на четири статии во рамките на Канонот, додека, пак, во петтата недела од Великиот пост се служи целиот Акатист.
Running sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News