Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

          Христос Воскресе!

Sports Shoes | Nike Shoes, Sneakers & Accessories

          Драги браќа и сестри,

          Сите православни верници во овие Велигденски денови еден со друг се поздравуваме со радосното уверување во тоа дека Христос воскресна и заедно исповедуваме, затоа што Тој навистина воскресна. Со тоа ние не се засладуваме само со радоста на победата на животот на смртта, туку и се присоединуваме кон вечен живот и кон вечното торжество на Господа.

          Воскресението Христово го посведочува Светото Писмо, луѓето очевидци и самата логика на животот. Но, факт е, исто така, дека воскресението пред сé е тајна, тоа е чудо и како чудо останува, како многу прекрасни дела што Господ Исус Христос ги направил за спасение на луѓето. Многу големи умови, некогаш дури и верници, честопати паѓаат во искушение што не можат докрај да го постигнат разбирањето на оваа величествена тајна. И не постигнувајќи го тоа не го прифаќаат и најголемото чудо во светот - Воскресението Христово, и според Неговиот пример и нашето сеопшто воскресение.

          Во животот има многу тајни. Секое движење на разумот, волјата срцето, чувствата, стремежите, секој чекор кај човекот во себе има нешто што докрај не е јасно, има некоја недостапност, односно таинственост. Зар не е тајна и самото раѓање на човекот? Кој може докрај да ја разјасни оваа тајна? Тајни го опкружуваат човекот од моментот на раѓање па сé до смртта. Можеме ли докрај да ги разбереме нештата со нашиот ум? Бидејќи можеме во еден миг да се издигнеме со умот до третото небо, но дали можеме сето тоа до крај да го разбереме? А да не зборуваме, пак, за способностите и можноста односно неможноста да ги разбереме нештата во видливиот и невидливиот свет. А колку е, пак, недостижно, нејасно и неразбирливо ако зборуваме за чувствата на луѓето, за стремежите за желбите, за страдањата, за радостите и на крајот - за смртта? Дали сето тоа е познато и разбирливо? - Не, сето тоа е тајна која ние ја прифаќаме.

          Човекот е отсјај на Првообразот, на Првопричинителот и сето тоа ние не можеме да го достигниме и да го разбереме докрај. Тогаш, каква е самата Првопричина - Бог, во тајната на Своето битие и во Својата суштина. Размислувајќи за тајната на светото Христово воскресение, ние проникнуваме во тајната на Бога и во Неговата семоќ. Христовите заповеди, учењето на Неговите апостоли и на нашата Црква, нé уверуваат во вистинитоста на нашето воскресение. Тоа ќе биде независно од тоа дали ние го сакаме тоа или не. Како што во материјалниот свет ништо не исчезнува без трага, а само продолжува од еден вид во друг, уште повеќе во духовниот свет без трага ништо не исчезнува. Човекот е бесмртен. Друга работа е каков живот ќе има човекот после воскресението. Но тој ќе биде вечен и бесконечен. Затоа и ние се молиме да ни подари, не само воскресение, но и живот вечен и блажен.

Од светото Евангелие што го слушнавме на оваа празнична вечерна богослужба таканаречена Второ Воскресение, преку примерот на апостолот Тома Црквата нé поучува и нé воведува во нашата вера, не преку емпириски испитувања и проверувања како што го направил тоа апостолот Тома: „ Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“ (Јов. 20, 25) Но Црквата преку устата на нејзиниот основател, Господ Христос, ни порачува: „ Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јов. 20, 29)Тоа значи дека ние сме должни како следбеници на Христа, сé она што со векови светата Православна црква го учи и проповеда да го примаме со искрена и цврста вера. Да го живееме Евангелието како што бара вековната традиција и верата на нашите свети отци. Нека воскреснатиот Господ ги исполни нашите срца со радост во неговото Воскресение, во Воскресението на мртвите и животот во идниот век. Нека Христос воскресне во нашите срца, во нашите души, во нашиот живот, во нашите постапки, во нашите дела, да можеме достоинствено христијански да го прославуваме името Христово и Неговото славно и спасоносно Воскресение. Амин!

Митрополит Тимотеј

04.04.2010 година , Второ Воскресение (на Вечерната),

 црква „Света Софија“ - Охрид.

vtorovoskresenie2

vtorovoskresenie3

vtorovoskresenie4

vtorovoskresenie5

vtorovoskresenie6

vtorovoskresenie7

vtorovoskresenie8

vtorovoskresenie9

vtorovoskresenie10

vtorovoskresenie11

vtorovoskresenie12

vtorovoskresenie13

vtorovoskresenie14

vtorovoskresenie15

vtorovoskresenie16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3