Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

Драги браќа и сестри

Христос воскресе!

Asics footwear | Nike

„Радувај се, благодатна, Господ е со тебе“ (Лк. 1, 28)

          Ова се зборовите со кои архангелот Гаврил, како небесен пратеник, и се обратил на мајката Божја. Ова се зборови како центар на денешиот празник Благовештение. Со овие зборови започнува и нашето спасение. Преку овие зборови на светот му се благовестува тајната на Божјото овоплотување. Тајна која донесува голема радост од небото, тајна за големата Божја љубов кон човечкиот род. Сега Синот Божји станува Син на Дева.

          Бог прима тело и крв на човек. Станува човек во сé сличен на нас, освен во гревот за да нé избави од гревот и смртта. Бог доаѓа на земјата за да нé издигне на небото. За таа вест денеска арнахгелот Гаврил ја известува Дева Марија. Оттогаш Соловото на радоста се пренесува по целиот свет. Оттогаш Словото преку устата и чувствата на срцата на светите апостоли се пренесува по целокупната вселена. Со чувство на неземна радост биле исполнети страдањата и подвизите на светите маченици, подвижниците, кои во моменти на жалост се радувале на тоа што можеле да страдаат за Христа. Со радост и просветување е исполнета целата наша света Црква, која постојано, секогаш и секаде ја проповеда радосната вест. Таа радост е дадена директно од Бога, на секое срце и на секоја душа. Да проникнеме и ние во длабочината на денешнета радосна вест и да извлечеме од ова празнување и најмало делче на радост за себе, и да го однесеме во нашите домови, на нашите работни места и насекаде кадешто се движиме и делуваме.

          Денеска човечкиот род во лицето на Божјата мајка на Синот Божји му дава тело и крв, преку кои Он ќе го искупи и ќе го освети. Преку кои ќе воспостави завет помеѓу небото и земјата, помеѓу Бога и луѓето.

          Во апокрифната литература, која во голема мера се темели на светото предание, имаме страдални евангелија и страдално благовештение. Светото предание ни зборува дека имало и второ благовештение, крсно на мајката Божја. Во радоста на архангелот се наговестува и се открива и крстот, односно крсниот пат кој праведниот Симеон ќе го најави: „А на тебе самиот меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца“ (Лк. 2, 35).

          Светото предание, исто така, вели дека свети архангел Гаврил кога и се јавил на мајката Божја, во тој момент таа го читала токму пророкот Исаија кој, исто така, зборува за страдањата на Христа. Таа дефинитивно знаела дека дојдениот во светот е Синот Божји, кој дошол со Својата крв да го отплати нашето спасение. Со целосно сознание за сето тоа, Таа смирено одговорила на архангелот од лицето на целокупниот човечки род: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои“ (Лк. 1, 38). Во тој момент таа ја приклонила својата пречиста глава под крстот на својот Син и Спасителот на светот, возљубувајќи го Бога, а и сите нас. Како што нема љубов без пожртвуваност, нема и жртвување без крст, така нема ниту совршена радост без крсни маки. Само после Голгота следува неискажливата радост на Воскреснието.

          Самото доаѓање на Синот Божји во светот е радост. Тоа е и почетокот на жртвената божествена љубов. „Зашто Бог толку го засака светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јн. 1, 16). Тоа е сведочењето на божествената пожртвувана љубов. Благовестувањето на архангелот на Дева Марија е почеток на таа љубов.

          Доживувајќи го денеска овој евангелски настан - благовештението да му заблагодариме на Господа за Неговата неискажлива љубов кон нас и да ја прославиме мајката Божја која послужи за тајната на нашето спасение. Да воскликнеме заедно со архангелот Гаврил „Радувај се благодатна Господ е со тебе“ Амин!

Митрополит Тимотеј

07.04.2010 година, Благовештение, црква Света Софија - Охрид

0704201001

0704201002

0704201003

0704201004

0704201005

0704201006

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4