На 08 април 2010 година, Светли Четврток, во црквата свети Јован Богослов – Канео, во Охрид се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво. После завршувањето на Литургијата, Владиката заедно со свештенослужителите во дворот од црквата извршија мал Водосвет и го благословија и прекршија празничниот леб. Кон верниот народ, Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

            Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

            Драги браќа и сестри,

            Христос Воскресе!

Sportswear Design | Nike

            Воскресението на нашиот Господ Исус Христос го завзема централното место во Светото писмо и во целокупниот живот на Црквата Христова. На овој факт - Воскресението, се темели христијанската вера и нашата надеж. До сите краеви на вселената светите апостоли ја пренеле и ја посведочиле веста за Христовото воскресение. На воскресението, на проповедта за Страдањато, Погребението и Совосккресението е соѕидана Христовата Црква. Со верата во Воскресението на Господ Исус Христос и во нашето општо воскресение, таа, Црквата, живеела во овие 20 векови и ќе живее во иднина.
Во Делата Апостолски се вели: „Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за Воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив“ (Д. Ап. 4, 33). Повеќе од сто пати во Светото Евангелие се зборува за Воскресението Христово. Доколку од светото Евангелие се изземе пишувањето за Воскресението, тоа би останало во преданието и во историјата.
Самиот Господ Исус Христос повеќепатти зборува за Своето Воскресение. Еднаш Он вели: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; оти како што Јона беше во утробата на китот три дена и три ноќи, така и Синот човечки ќе биде во срцето на земјата три дена и три ноќи“ (Мат. 12, 39-40). Исто така на друго место вели: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам“. А јудејците рекоа: „Овој храм е граден 46 години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш“? Но Он говореше за храмот на Своето тело. А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус“ (Јов. 2, 19-22).
Христос Воскресна телесно. Кога Он им се јавува на Неговите ученици, тие се посомневале во тоа и мислеле дека гледаат привидение. Но Христос им рекол: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? Видете ги рацете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, јас имам“ (Лк. 24, 38-39). Воскреснатиот Господ Исус Христос, како што знаеме од други делови од Светото писмо, им дозволил на учениците да се допрат до Него, а особено е познат настанот со апостолот Тома.
Сведочењето за Воскресенито Христово со телото има големо значење за нас верниците, и најважно значење затоа што според учењето на Божественото откровение, и ние, слично на Христа, ќе воскреснеме телесно. Апостол Павле во своето послание до Коринтјаните Христа го нарекува како Првенец од умрените. (1 Кор. 15, 20). Он прв воскресна од мртвите, во Него сите ќе воскреснеме.
Исто така, многу е важен фактот што Христос и сега вечно живее. Апостол Павле до посланието до Римјаните вели дека Христос воскресна од мртвите и повеќе нема да умира и смртта нема власт над Него. (Рим. 6, 9). Така, секој кој Го следи Христа ќе воскресне за живот вечен - ќе воскресне за повеќе да не умира.
Проповедајќи го распнувањето и воскресението на Христа ние, од година во година, се повеќе се приближуваме и до нашето воскресение. И денеска, кога го прославуваме светлиот четврток, во овој прекрасен храм посветен на свети Јован Богослов, најсаканиот ученик на Христа, цврсто да веруваме во тоа дека Христос воскресна од мртвите, и дека така ќе воскресне и секој еден од нас за вечно да го прославува во незалезните денови на небесната Пасха.
Драги браќа и сестри, сите овие споменати цитати од Светото писмо нека ни послужат и нас, како следбеници на живиот и воскреснатиот Христос, да ни ја зацврстат вистинската, права вера православна. Да ја примиме со искреност да живееме според неа и според барањата што од нас ги бара нашата мајка Црква. Ако сакаме да го наследиме ветеното царство, што Господ го приготвил за секоја верна душа, не е довлно само формално и традиционално да се нарекуваме и да се декларираме дека сме верници, почитувачи на нашата вера и традиција, туку треба таа вера и таа православна традиција да ја примиме во нашите души, во нашите срца, во нашите постапки, во нашиот живот. Тогаш ќе можеме да го посведочиме воскреснатиот наш Спасител Господ Исус Христос, и да се надеваме на Неговата милост за нашето спасение. Нека Христос воскресне во секоја христијанска душа, за да можеме да правиме добри дела и да го прославуваме Воскреснатиот од мртвите.

Митрополит Тимотеј

08.04.2010 година, Светли Четврток, Свети Јован Богослов - Канео.

0804201001

0804201002

0804201003

0804201004

0804201005

0804201006

0804201007

0804201008

0804201009

0804201009 copy

0804201010

0804201011

0804201012

0804201013

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6