„Пролетта болсна, дојдете да се насладиме! Воскресението Христово засветли, дојдете да се развеселиме! Споменот на страдалецот, кој ги просветлува верните, се покажа. Затоа, празникољупци, дојдете овде тајно да торжествуваме, зашто овој (маченик), како добар воин, покажа храброст пред мачителите и нив ги посрами, оти се уподоби на страдањето на Спасителот Христа и своето земно тело не го помилува, туку голо за маки го подготви. Кон него да повикаме: Страдалнику, моли се, да се спасат душите наши.“
Nike sneakers | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE
И навистина, славниот град на поезијата, градот на 100-те мостови, прекасната Струга, блескаше како озарена од пролетното сонце, торжествено славејќи го маченикот кој со своите молитви го закрилува овој древен град. Тоа е една прекрасна традиција, која постои овде уште од времето на преродбата, кога на местото од стариот храм од 16-ти век кој бил урнат во времето на Османлиското ропство, во 1835 никнал сегашниот велелпен храм посветен на Св. Георгиј, завет на светогорските зографски монаси. Тогаш благоверниот струшки народ, кој одсекогаш го почитувал и славел Великомаченикот, понесен од христијанско милосрдие и љубов, на вториот ден од храмовата слава поставувал скромна трпеза на љубовта надвор од храмот и ги повикувал сите бедни, од сите националности и вери, и притоа струшките еснафи си земале подвиг пожртвувано да им служат на сиромасите, а се грижеле и за тоа на болните, вдовиците и сирачињата, кои не можеле да дојдат, храната да им се однесе дома. Гледајќи го овој подвиг, никој во Струга не можел да остане рамнодушен на таквата самарјанска љубов, па затоа обединети во празнувањето и христијани и муслимани, сите со голема ревност се прибројувале кон свечената литија, кога низ струшките улици со големо торжество и почит била носена чудотворната икона на Св. Георгиј од 16-ти век. Ревносните струшки свештеници со силна вера и голем труд успеале оваа традиција да ја сочуваат и до ден денешен, па така и во последниве години стружани со искрена љубов го славеа споменот на Победоносецот, иако не со толкав сјај и не во толкав број.
Сепак, оваа година старите стружани одново силно ја почувствуваа посетата на Св. Георгиј и неговиот благослов. Имено, според зборовите на еден од најстарите и најпочитувани струшки жители, автор на многу книги за стара Струга, кој во својот долг и богат живот доживеал да ги види последните славни денови на преродбенска Струга со своите духоносни свештеници и големи патриоти, со својата чудесна раскошна архитектура и гостољубив народ, со своите поети и проповедници на верата, почитуваниот Јоне Кленко, после повеќе од 60 години Струга повторно доживеа да ја види воскресната старата традиција на празнување на овој голем празник. Славниот Победоносец годинава посака да го удостои градот со една навистина прекрасна литија, или како што стружани велат свечена еордија (од византискиот збор еорди што значи празник), во која покрај чудотворната икона на Св. Георгиј, на посебно украсен цветен балдахин - кувуклија беа носени и неговите свети мошти. Стружани со слапови од цвеќе и со голема радост ги дочекаа моштите на славниот маченик, кои сестринството на манастирот на Св. Георгиј во Рајчица како и Бигорското братство заедно со својот игумен, архимандрит Партениј, ги донесоа сакајќи да ја збогатат оваа стара струшка традиција, и да ја споделат со стружани благодатта што толку штедро се излева од светите мошти.
Голема беше радоста на видните струшки граѓани, г-дин Марјан Дербан, г-дин Номче Паноски, г-дин Ѓорѓи Жупан, г-дин Никола Евроски на кои им припадна честта да го носат на своите рамена престолот со моштите на Великомаченикот. Излегувајки од прегратките на храмот литијата се движеше кон сончевиот исток, потоа по улицата 15ти корпус, каде моштите на Св. Георгиј го осветија југот и прекрасното езеро. Тогаш литијата се упати кон храмот на Св. Никола, па преку кејот при што се осветија и водите на реката Црн Дрим, за на крај литијата преку струшката чаршија, повторно да се врати во храмот, каде бројните учесници беа послужени со леб, пченица и вино. Насекаде каде што поминуваше иконата и престолот со моштите, луѓето побожно и со почит застануваа, поздравувајќи го светиот маченик, кој го благословуваше нивниот град. Би сакале да веруваме дека оваа прекрасна традиција ке продолжи со уште поголемо торжество, дека повторно ќе биде причина за една масовна градска парада, на која ќе учествуваат сите оние што го почитуваат Великомаченикот и го сакаат својот град.