Во неделата на 09 мај 2010 година, недела на Слепиот, во црквата „Св. Богородица-Каменско“ во Охрид, се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополит г. Петар во сослужение на надлежниот Митрополит г. Тимотеј како и повеќемина свештенослужители. На божествената Литургија присуствуваа: Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници од Руската православна црква возглавени од Архиепископ Јарославски и Ростовски г. Кирил, Архиепископ Филиополски г. Нифон, претставник на Антиохиската православна црква и Митрополит г. Теофил, претставник од Сиро-јаковитската црква.