„Откако вкуси од дрвото (забрането), првиот човек стана подложен на распадливоста; срамно осуден да го загуби животот, тоа зло му го пренесе и на целиот род човечки, како лепра што го разјадува целото тело. Но, ние, родените на земјата, откако го најдовме крсното дрво за наше спасение, викаме: Највоспеан Боже на татковците, и наш, благословен си“ (песна од канонот на Крстовден).

Nike Sneakers | Nike Air Max 270

На 27.09.2014 година, денот кога го славиме великиот празник Воздвижение на чесниот и животворен Крст – Крстовден, беше отслужена света архиерејска Литургија во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин.
Драги браќа и сестри.

Денеска, пред почетокот на светата Литургија, го изнесовме светиот Крст Господов од светиот олтар. Го поставивме на сред црква за поклонување, пеејќи ја познатата песна Кресту Твоему поклањаемсја Владико и свјатое Воскресение Твое  славим. Затоа, денес најмногу одговара да ги насочиме нашите мисли кон Чесниот и Животворен Крст на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
           
Откако на Голгота, нашиот Спасител беше распнат на крст помеѓу двајца разбојници, и на него доброволно ја испи целокупната горчина на страдањето заради нас луѓето, Крстот Господов постана и симбол на нашето спасение. На него Господ Исус Христос ја потврдил новата заповед: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг, како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг“ (Јован 13, 34). Но, исто така, воздигнувајќи ја и сострадалната љубов: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15, 13). Од голготскиот, пак, крст, се слушнале и молитвените зборови на Господ Исус Христос: „Оче, прости им, бидејќи не знаат што прават“! Додека, пак, на покајаниот разбојник му вели: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лука 23, 34 и 43). Оваа нова сострадална љубов, ги отвора вратите на царството небесно. Таа љубов, од голготскиот крст, преминува на сите Негови следбеници. Сведоци за тој крст имаме уште од најраното време, почнувајќи од светиот архиѓакон Стефан, преку светите апостоли и илјадниците маченици и великомаченици, испосници и сите светии. Силата и симболот на нашето спасение се наоѓа во сострадалната љубов. Во Чесниот и Животворен Крст Господен. Затоа, во светата Црква, нема ниту еден друг ден, ни празник преку цела година, на кого се посветени толку денови како што има на светиот Крст Господен. Секој петок посветен е на Крстот. Исто така, и сите песни во среда и петок се посветени на крстните страдања на Господ Исус Христос, поврзани со страдањата на неговата мајка. А како круна, пак, на сè, се јавува Велики Петок, страдањето на Господ Христос, но, и спасението на човечкиот род.
           
Ние христијаните, се поклонуваме на Крстот Господов и Неговото свето Воскресение го славиме. Бидејќи, без Крстот, на кој уследила и смртта на Спасителот, нема ниту воскресение. Ние знаеме дека воскресението е темел врз кој е создадена Црквата, сè  поради нашето спасение. Св. ап. Павле, во посланието до Коринтјаните, многу јасно вели: „Ако, пак, Христос не воскреснал тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера“ (1. Кор. 15, 14). Но, нашата вера во Христа е вистинска и жива и е потврдена како веродостојна, почнувајќи од св. Богородица и од побожните жени мироносици, апостолите, безбројните маченици и исповедници, преку сите овие 20 векови, па сè до нашите денови. Како што знаеме, Господ Исус Христос беше распнат на крстот. Потоа, беше сохранет и на третиот ден воскресна од мртвите. Затоа, ние и се поклонуваме на крстот, всушност се поклонуваме на нашиот Спасител, Кој на крстот го изврши нашето спасение. Човечкиот,пак, род го избави од вечна смрт. Затоа, светиот крст, во нашата вера, е најголемата светиња и симбол. Поради тоа, св. крст го гледаме на сите наши цркви и манастири. Го имаме во нашите домови, но, не ретко се носи како украс и симбол на многу гради кај сите поколенија. Крстот во овој свет, кој е исполнет со грев и пороци, како што и пред Христа бил орудие на срам, и денес за многумина е „соблазна”, а за други, пак, „безумие“, но, за нас, пак, кои се спасуваме, крстот е сила и Премудрост Божја (1. Кор. 1, 18-24).
           
Светиот Крст, преку светата тајна крштение, постанал не само симбол, туку и услов за нашето спасение. По воскресението Господ Исус Христос рекол: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата “ (Мат. 28, 18). Но, не треба да заборавиме дека Он ги воспоставува и светите тајни во Црквата. Една од клучните свети тајни е светата тајна крштение, бидејќи самиот Господ Исус Христос вели: „Одете и научете ги сите народи крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Св. Дух, и учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал; и ете, Јас Сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот “ (Мат. 28, 19-20). Но, исто така Господ Исус Христос во Евангелито според Марко додава: „Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден “ (Мк. 16, 16). Така, крстот постана мост, преку кој се поминува, за да се влезе во утврден град – во Црквата Христова без која нема спасение.
           
И во светата тајна миропомазание, новокрстениот крстообразно се помазува со свето миро по целото негово тело, со зборовите печат на дарот од Св. Дух. Тоа, пак, значи, крстениот да расте духовно во полнотата Христова, и Крстот Христов да го пази, да го штити, за да може да биде вистински член на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. И ние денеска, прославувајќи го Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Христов, да се очистиме од сите лоши мисли и ниски страсти, па достоинствено да се поклониме на Крстот Господов. А Божјата благодат, односно Неговата сила, нека нè следи во нашиот живот, како вистински членови на нашата света православна Црква. Амин.

Воздвижение на св. Крст - Крстовден
27.09. 2014 год.
манастир „Св. Георгиј Победоносец“ - Рајчица

krstov2014 1

krstov2014 3

krstov2014 5

krstov2014 35

krstov2014 9

krstov2014 11

krstov2014 13

krstov2014 15

krstov2014 17

krstov2014 19

krstov2014 21

krstov2014 23

krstov2014 25

krstov2014 27

krstov2014 29

krstov2014 31

krstov2014 33

krstov2014 35

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1