Споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, на најторжествен начин се прославува во Дебарско-кичевска епархија. Почитта кон овој светител од IV век, во Охридско-струшкиот регион е голема, бидејќи неколку години пред крајот на својот живот свети Еразмо Евангелието за нашиот Спасител Господ Исус Христос го проповедал во Лихнидос, денешен Охрид, каде што според житието овој светител покрстил околу 20 000 луѓе. Вечерта на 14-ти јуни сè до доцните вечерни часови, а исто така и наредниот ден на 15-ти, реки од верен народ трпеливо чекаа да влезат, да се поклонат, да се помолат, да запалат свеќа во црквата и во пештерата во која се подвизувал светиот Еразмо и на тој начин да ја изразат својата чест кон него.

Authentic Sneakers | Air Jordan

Вечерта со почеток во 19 часот, започна Вечерната богослужба со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Сашо Богданоски, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Наредниот ден во 07:30 часот започна Утрената богослужба по која следеше и света архиерејска Литургија. По завршувањето на Литургијата, Владиката заедно со останатите свештенослужители и верници се упатија кон изворот кој се наоѓа под манастирот, и таму се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови.

sverazmo20101

sverazmo20102

sverazmo20103

sverazmo20104

sverazmo20105

sverazmo20106

sverazmo20107

sverazmo20108

sverazmo20109

sverazmo201010

sverazmo201011

sverazmo201012

sverazmo201013

sverazmo201014

sverazmo201015

sverazmo201016

sverazmo201017

sverazmo201018

sverazmo201019

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6