Празнувањето на свети Наум Охридски, и оваа година на најторжествен начин се прослави во неговиот манастир кој се наоѓа на јужниот брег од Охридско Езеро. Свети Наум Охридски во православниот свет е познат како голем чудотворец кој лекува од душевни и телесни болести. Почитта кон овој светител е голема не само кај православните народи но и кај друговерните. Илјадници верници од Македонија, Албанија, а исто така и од другите соседни земји дојдоа во неговиот манастир и трпеливо чекаа да се поклонат и да се помолат на гробот каде што почиваат моштите од овој велик чудотворец.
affiliate link trace | nike fashionВечерта, со почеток во 19 часот започна Вечерната богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протојереј Димче Ѓорѓиески, јеромонах Доситеј, јереј Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Наредниот ден со почеток во 7:30 часот започна Утрената богослужба, а во 9 часот започна светата архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј, архимандрит Партениј, протојереј-ставрофор Тоди Јован (Албанска православна црква) игумен Јосиф, јеромонах Доситеј, јереј Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата архиереите заедно со останатите свештенослужители излегоа во дворот од манастирот каде извршија мал Водосвет и ги осветија и прекршија празничните лебови. На заминување, архимандрит Нектариј ги одведе црковнодостојниците во новата црква посветена на света Петка – Параскева која е во изградба, запознавајќи ги со активностите кој се превземаат за нејзино целосно завршување.