На 14 јули 2010 година, денот кога се слават светите врачи (лекари) Кузман и Дамјан, во истоимената црква во Охрид се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓакон Васко Голабоски. После завршувањето на Литургијата, во дворот на црквата Владиката заедно со свештенослужителите извршија мал Водосвет и ги прекршија и осветија празничните лебови.
Buy Sneakers | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177