На 28 јули, денот кога црквата го слави споменот на светите Кирик и Јулита, во црквата „Света Богородица – Болничка“ во Охрид се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на јереј Никола Христоски, јереј Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на светата Литургија во дворот на црквата Владиката заедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и го благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово.
Authentic Nike Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp