Во саботата на 31 јули 2010 г., во селото Куратица – Охридско, се изврши осветување на нова црква посветена на „Успение на Пресвета Богородица“. Чинот осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, јереј Никола Кипријанов, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. После осветувањето се отслужи света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

Nike footwear | Nike Shoes

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Последниве години во повеќе населени места, како во градовите, така и во селата, се возобновуваат повеќе цркви и манастири. Тоа е добро бидејќи во манастирите и црквите треба да се учиме за да живееме според редот и поредокот што го бара од нас Нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Но, за тоа прво е потребно да проговориме што е тоа црква? Верувам дека многунина од вас знаат но, исто така, најголем дел од вас не знаат за вистинското значење на Црквата.

Црквата е заедница на верни луѓе верници со Нашиот Создател и Промислител Господ Бог. Ова, можеби е најкратка формулација за Црква. Значи, се она што не е поврзано, што не е во единство и во склад со Бога не  е црква.

За да се биде во заедница со Бога треба да се живее според Божјите закони. Најпрво треба да сме крстени во Православната црква, во името на Света Троица, преку што се зачленуваме во Црквата. Но, преку целиот наш живот тоа членство ние мораме да го потврдуваме. Треба да ги исполнуваме сите Божји заповеди кои ни се дадени во нашата света Црква. Нашиот Бог никого не го моли да биде член на Неговата Црква туку, само сака секој човек преку Црквата да се спаси, заради што ја основал Црквата. Ако веќе еднаш сме влегле во Црквата, тогаш мораме да се покоруваме на сите црковни закони или, пак, да излеземе од неа. Трета можност нема.

Црквата е установа на живи луѓе а не на мртви, бидејќи, според учењето на Црквата, мртви и нема. Поточно, мртви има. Тоа се грешниците во рацете на оние кои се борат против Црквата. Црквата е единствена. И за нас, кои сме тука на земјава но, исто така, и за нашите браќа и сестри кои се преселени во вечноста. Црквата на земјата е привремена и ќе постои додека го има овој свет, а вечно ќе постои во Бога.

Бог е глава на Црквата, а народот Божји е тело кое е неразделно од главата. Законите во Црквата Божја не се создадени според нашата мера за ние да ги менуваме. Тие закони се должни да ги почитуваат сите членови на Црквата и да се управуваат според нив. Во Црквата нема демократија. Во неа владее теократија и секој кој ќе згреши против Божјите закони треба да биде отстранет од Црквата сé додека не се покае, и сé додека не ги стекне условите повтроно да биде вратен во неа.

Бог своите наредби и закони ги дава на луѓето на земјата преку своите помазаници, односно преку своите свештенослужители. Првиот закон, да се потсетиме, му бил даден на Мојсеј во пишана форма, додека, пак, првите луѓе Бог ги казнил заради прекршувањето на законот. На крајот Бог го испрати својот Единороден Син да им ги пренесе на луѓето законите и прописите и за да им ја основа Црквата, и за да им каже која е нејзината улога. Потоа ги повикал и ги ракоположил апостолите кои биде чувари на Божјиот Закон. Овие, пак, ракоположиле презвитери и ѓакони како нивни помошници и така, сé до денешен ден, е насекаде во вистинските цркви.

Црквата е создадена, како што рековме, од Бога за спасување на човечкиот род. Црквата ги поседува сите благодети преку светите тајни и молитвословија кои се неопходни за спасение на луѓето. Потребно е правилно да се употребуваат, и да се побаруваат тие свети тајни за спасение на нашите души. Црквата е од Бога установена заедница на луѓе соединети во Него, Кој е Творец и создател нејзин. Тој е глава на Црквата, за што ни сведочат Неговите зборови: „А Јас тебе ти велам: на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Со тоа и дал вечна намена. Затоа Црквата е Богочовечки организам, односно, самиот Богочовек Христос продолжен преку целата вечност. Значи, единствено во Црквата, во која е Тој, е можно нашето спасение.

Господ според својата милост благоволил да бидеме ние негови членови а Тој да биде Глава. Токму тоа значи да се биде член на Црквата. Тоа не значи да се биде член само на хартија и да се користат одредени привилегии и ползување на црковните обреди и слично на тоа. Членови на црквата Христова постануваме преку светата тајна крштение, но, да се постане вистински член на Црквата значи да се подржува Христос. Од нас Бог бара да ги исполнуваме сите закони и прописи и да бидеме совршени, како што е совршен и Нашиот Отец Небесен (Мат. 5, 48).

И денеска, кога го осветуваме овој свет храм посветен на Успението на Мајката Божја, да се угледаме на нејзиниот свет живот, на нејзините подвизи, нејзините страдања што ги поднесува гледајќи го Нејзиниот Син и Бог како е понижуван, биен, суден и осуден, издигнат и распнат на крстот, а таа сето тоа мајчински го поднесува. Заради нејзината вера и чист живот таа по нејзината смрт ќе биде удостоена нејзината душа да биде примена во прегратките на Господа Исуса Христа, а нејзиното тело да биде однесено на небото од ангелите. Но, таа не престанала и денеска да принесува топли молитви за секоја христијанска душа која со искрена вера $ се обраќа за помош. Таа е наша молитвеница, наша застапничка пред престолот на Севишниот Господ, па и денеска кога го осветуваме овој свет храм посветен на нејзиното Успение, да и се обратиме со молитва: „О, многувоспеана Мајко, Ти си Го родила најсветото Слово меѓу сите светии! Прими ги овие наши молби, избави не од секаква напаст и ослободи не од идните маки, нас, кои ти пееме!“

При оваа прилика би сакал најискрено да им заблагодарам на иницијативниот одбор за возобновување, украсување и подготвување за овој свет чин на овој свет храм. На секоја христијанска душа која помогнала да се доведе во ваква убава положба му посакуваме од Господа и Богородица, здравје, благослов, мир и љубов во семејството и напредок на сите полиња во животот. Господ нека го благослови ова село, да се множат луѓето и да ја учат и да ја живеат верата православна. Амин.

31.07.2010 година, осветување на црквата Успение на Пресвета Богородица - с. Куратица

Митрополит Тимотеј

kuratica201001

kuratica201002

kuratica201003

kuratica201004

kuratica201005

kuratica201006

kuratica201007

kuratica201008

kuratica201009

kuratica201010

kuratica201011

kuratica201012

kuratica201013

kuratica201014

kuratica201015

kuratica201016

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6