На 1 август 2010 г., во селото Сошани – Охридско, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на јереј Димко Димески, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски го изврши чинот осветување на нова црква посветена на „Свети Никола“. После осветувањето се служеше света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

Running Sneakers | Zapatillas de running Nike - Mujer

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Во денешното свето Евангелие, што го слушавме за време на светата Литургија, чувме многу значајни и корисни зборови. Овие зборови се поучни за нашиот живот. Тие ја потврдуваат непоколебливата вистина, а тоа е дека искрената молитва и вистинскиот душевен пост, кои се темелат на цврстата и постојана вера, имаат голема сила да прават чуда и да го поправаат нарушеното телесно и духовно здравје. Силата на молитвата е посилна ако е здружена со пост. За тоа ни сведочи и евангелистот Матеј. Еден несреќен родител го доведува својот болен син кој со години бил измачуван од нечист дух. Како и многупати, за време на проповедта Христос бил опколуван со многу народ, кои сакале да се доближат од Него. Овој, пак, несреќен родител со болното чедо и покрај тоа што имал голема и силна волја да се доближи до Христа, не можел лесно да пристапи. Затоа се обратил до следбениците на Христа, до апостолите, и ги замолил да го излекуваат неговиот болен син. Тие се обиделе, но не успеале да го излекуваат. Така несреќниот родител со тешка мака се доближил до Господа Христа и го молел велејќи: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често - во вода; го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ (Мт. 17, 15-16). А Господ Кој има власт над сe, му рекол на лошиот дух: „И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час (Мат. 17, 18). При оваа прилика Господ искажа една непобитна вистина: „Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.“ (Мт, 17, 21).

Значи, молитвата и постот се радикални средства за борба против сите лоши духови. Тој е испробан лек за душевно и телесно оздравување. Постот придонесува за зачувување на човечкото здравје додека, пак, прекумерното јадење и пиењето не предаваат нас во ропство на разни пороци и страсти кои ги уништуваат, и телото и душата. Кога човек ќе започне да му угодува на своето тело, од неговото срце исчезнува љубовта кон Бога и кон сe што е свето и возвишено. Умот се помрачува и со тоа ја губи способноста за правилно да расудува. Таквиот човек не владее со себе. Над него почнуваат да владеат демонските сили и го вовлекуваат од еден порок во друг, од еден мал грев во поголем грев, додека не го извалкаат во многу гревови, а со тоа го доведуваат и неговото душевно и телесно здравје до работ на пропаста.

На друга страна, пак, постот ја засилува во срцето на луѓето љубовта кон Бога, кон луѓето и кон сe што е добро, свето, благородно и возвишено. Постот го засилува и просветлува човечкиот разум, ја разбудува заспаната совест и му го враќа на болниот и изгубеното телесно здравје. Морално паднатите ги подига од калта, ги измива нивните души од гревовните нечистотии и ги облекува во чиста и светла облека, сошиена од вистина и почит, правда и чистота, смирение, богопознание и човекољубие. Горделивите луѓе ги прави кротки и смирени, порочните ги преобразува во непорочни, грешниците во праведници, од срцата на скараните и окупирани од нечистите духови ги изгонува лошите духови и го вселува Духот Свети, Кој отсега ја презема улогата на водител на очистениот човек и го води по патот на благочестието.

На крилата од постот нашата молитва се издигнува од земјата кон небото, лесно се пробива преку густите облаци и достигнува пред престолот Божји.

Молитвата заедно со постот е силно оружје и радикално средство за борба против лошите духови и секое друго зло. Борете се со тоа оружје и ќе го победите секое зло.

Од историјата на Црквата знаеме дека имало многу луѓе кои во своите животи многу грешеле и живееле непристоен живот. Но, преку постот и молитвата тие ги победиле страстите во себе, се издигнале многу високо и се удостоиле со светост. Класичен пример за тоа е света Марија Египетска. Од нејзиното житие знаеме дека таа живеела многу неморален, блуден живот. Патувала од место на место сe со цел да ги задоволи нејзините страсти. Така, еднаш се упатила со брод од Цариград за Ерусалим за да ги соблазнува патниците и поклниците кои оделе на гробот Христов. Но, кога сакала да влезе во црквата на Христовото Воскресние сила Божја ја попречила и таа тогаш сфатила дека животот не се состои од задоволување на ниските чувства и страсти, туку животот е да се удостои за вечен живот во Господа Бога. Се повлекла во Јорданската пустина каде го помина остатокот од својот живот. 48 години живеела во пост и молитва, и уште додека била жива таа била облагодатена и уште за време на својот живот се удостоила да биде светителка.

И ние, драги браќа и сестри, да се угледаме на денешното свето Евангелие кое не поучува дека со постот и молитвата треба да го исполниме нашиот овоземен живот, со правење на добри дела, за да можеме полесно да ги совладаме сите искушенија во овој свет и да се удостоиме за царство небесно.

И во оваа прилика би сакал да искажам искрена благодарност на иницијаторите од црковниот одбор од село Сошани за изградба на овој мал, но прекрасен храм посветен на свети Никола Мирликинскиот чудотворец. Нека свети Никола биде наш молитвеник и заштитник пред Господа Бога, за да ни подари Господ силна и непокелеблива православна вера. Тој нека ни биде пример и образец на кротост и исповедање на верата. И ние да ја сочуваме и да ја оставиме чиста и непоколеблива и на идните генерации. Секоја душа што помогнала и што одвоила средства или, пак, вложила труд во изградбата и украсувањето на овој свет храм, Господ стократно нека му возврати а, пред сe, здравје, мир и благосостојба во секој дом и на секоја христијанска душа. Нека е честито осветувањето на овој свет храм и од Бога благословено. Амин.

01.08.2010 година, 10 недела по Педесетница, црква свети Никола - с. Сошани

Митрополит Тимотеј

sosani201001

sosani201002

sosani201003 1

sosani201004

sosani201005

sosani201006

sosani201007

sosani201008

sosani201009

sosani201010

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6