На 7 август 2010 г., во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Манастирец во Македонски Брод, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел, Епископ Хераклејски г. Климент и повеќемина свештенослужители. Вечерта, на 6 август, во присуство на надлежниот Митрополит г. Тимотеј вечерна богослужба служеше Митрополит г. Агатангел. Наредниот ден после завршувањето на светата Литургија, Архиереите заедно со останатите свештенослужители извршија осветување на новиот конак од југозападната страна на манстирскиот комплекс.