Празнувањето на светиот великомаченик Пантелејмон и свети Климент Охридски Чудотворец, патронот на Македонската црква и оваа година на најторжествен начин се прослави во неговиот манастир на Плаошник во Охрид, каде што почиваат неговите свети мошти. Чествувањето започна на 8 август со празнична Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше надлежниот Митрополит г. Тимотеј. Наредниот ден, утрото се служеше Утрена богослужба по која следеше и света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Огромен број верници дојдоа да се поклонат на моштите од свети Климент, а меѓу нив беше и Претседателот на Република Македонија, неговата екселенција г. Ѓорѓе Иванов. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

Buy Sneakers | Women's Sneakers

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Ние, како македонски православен народ, имаме право да се чувствуваме дека сме почестени од Бога шти ни дал такви големи светила. Посебно, пак, охридските граѓани имаат уште поголем повод да бидат благодарни на Бога, затоа што неколку светии го носат токму нивното име, како што е и денешниот свети Климент Охридски. Благодарение на нивните молитви  нашиот народ, а и ние денеска, можеме да ги надминеме сите искушенија што ги носи животот и да останеме тоа што сме биле низ вековите. Ние веруваме дека нашата молитва може да биде услишана затоа што пред престолот Божји имаме такви свети угодници, кои живееле праведен живот и имаат храброст да стојат пред нозете на Христа и да ги принесуваат нашите молитви.

Ние сме почестени, не само заради тоа што нашите свети Божји угодници се наши молитвеници и застапници пред лицето на севишниот Отец Небесен, туку и затоа што светите праведници се и наши постари родни браќа. Треба да бидеме благодарни на Господа затоа што се наоѓаме во оваа светиња со која е поврзана целата наша култура и опстанок. Навистина тоа наше родство и нашето општење со светите охридски праведници се јавува кај секој еден од нас како извор на радост и утеха на нашиот земен пат.

Постојат семејства во кои браќата и сестрите се поврзани со взаемна љубов и во таа љубов секој член наоѓа секогаш морална поддршка на сите патишта во животот. Ги споделува радостите со своите блиски, со своите сакани браќа и сестри. Во жалоста, пак, тој ги споделува жалосните моменти со своите блиски и сакани. Уште повеќе тоа е потребно да го речеме за ова големо семејство, за Божјите деца кои живееле со вера во Господа и што сега живеат на земјата, односно децата на Православната црква Христова. Сите ние што живееме, и оние што се отидени пред Господа, како и оние што стојат пред престолот Божји, се јавуваме како едно семејство. Светите праведници, светите Божји луѓе – тоа се наши браќа со кои ние пребиваме во непрекинато единство до колку останеме верни деца на Небесниот Отец и на нашата мајка Православната црква.

За ова можат да ни помогнат и зборовите на апостол Павле упатени до Ефесјаните: „Вие повеќе не сте туѓинци и придојденци туку граѓани на светите во својот Бог“. (Ефес. 2, 19). Апостолот ја основал црквата во Ефес, во црквата влегле и примиле христијанство поранешните многубошци и поранешните јудејци. Христијаните што доаѓале од многубоштвото носеле во нивните срца некое непријатно чувство и за тоа биле тажни. Се чувствувале дека се тие помалку достојни за љубовта Божја, и дека имаат помалку право во наследувањето на Царството Небесно, бидејќи го примиле христијанството од многубоштвото а, додека, пак, јудеите имаат повеќе право затоа што тие верувале во еден Бог. Затоа апостол Павле ги напишал овие зборови: „Вие не сте туѓинци и придојденци“. Понатака, апостол Павле објаснува дека крстното страдање Христово ја разрушува таа разлика помеѓу сите деца на Црквата Христова. Свети се сите бидејќи се измиени со крвта Христова и со тоа постануваат сите христијани, вистински деца на светата Црква Христова. Ги прави блиски до Господа и до неговите угодници и еднакви пред лицето на Небесниот Отец. Апостолот тоа не го рекол само за ефеските христијани, туку за сите христијани па и за нас. Сите деца во Православната црква се еднакви и ја добиваат подеднакво благодатта во општењето со Божјите угодници.

Колку многу ние добиваме како верници во општењето со светите. Колкаво е значењето на тоа општење ни сведочи нашиот правилен пат што води кон спасение, и цврстата надеж за вечното спасение. До колку ние веруваме како што верувале светите Божји угодници тоа значи дека и ние одиме кон вистинскиот пат кој води во царството Божјо. До колку ние ги исполнуваме прописите и свештените обреди, постите, празниците како што ги правеле светиите, ако ние ги посетуваме храмовите за молитва, како што ги посетувале светиите, тоа значи дека и ние одиме по патот на надежта за вечен живот. Ако ние припаѓаме на таа света Црква во која свештенодејствувале и пропведале угодниците  Божји, во која ги довеле нивните животи до Господа, во која се подвизувале подвижниците, тоа значи дека и ние сме деца на царството Божјо и нашиот пат води кон живот во идниот век по кој оделе и светителите. Ако православната вера која ја исповедале нашите светии ги одвела во вечна слава, тоа ќе се случи и со секој од нас кој живее со таква силна и непоколеблива вера. Ако благодатта на Светиот Дух, со која се ползувале светите угодници им ги зацврстувала духовните сили и земните подвизи, според заповедта на Христа, таа и нас нема да не остави. Ако светата Црква за нив била патеводителка во царството Небесно, им помагала да останат верни на Господа до крајот на нивниот живот, таа и нас, слично на мајка која го води своето дете за рака, не води во царството небесно и ќе не направи наследници на вечниот живот во домот на Небесниот Отец.

Драги верници, да не го згаснеме нашето молитвено правило,  да не ослабе нашата вера, секогаш да свети во нашите срца пламенот на љубовта кон Нашиот Спасител и пламенот на љубовта еден кон друг. Да не допуштаме да замира во нас нашата надеж за да ја спасиме нашата душа. Да не не напушти стравот пред напето вечно погибие. Да одиме без страв преку сите маки и искушенија за спасение на нашите души, за тоа царство на славата каде сите ние, земните членови, сме семејство на Христа и се соединуваме со нашите постари роднини и браќа, и со Божјите угодници во прегратките на нашиот Небесен Отец. Свети Климент, Охридскиот чудотворец нека биде нашиот молитвеник. Амин.

09.08.2010 година, Свети Климент Охридски, манастир Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник, Охрид

Митрополит Тимотеј

0908201001 1

0908201002 1

0908201003 1

0908201004 1

0908201005 1

0908201006 1

0908201007 1

0908201008 1

0908201009 1

0908201010 1

0908201011 1

0908201012 1

0908201013 1

0908201014 1

0908201015 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6