На 28 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во црквата света Богородица – Каменско во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители служеше света Литургија. По завршувањето на Литургија во дворот од црквата се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниците Митрополит г. Тимотеј се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

Running sports | Nike Off-White

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Денеска светата Православна црква, молитвено со радост и торжество го прославува празникот Успение на Пречистата Богомајка. Како што пее црквата: „О Дивное чудо! Во гроб се полага таа која го дала Изворот на животот, Христа, Кого ќе го роди и ќе му даде тело“. Пречистата Дева не можела да ја избегне смртта. Таков е законот Божји и таква е правдата. Таа чиста, неосквернета голубица, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите која на светот му го даде Христа, не ги избегнува општочовечките закони и учествува во нив. Таа денска го завршува својот земен живот, таа се претставила. Но, ние веруваме дека таа не го остава светот и по нејзиното Успение. Таа сега е жива и покрај тоа што нејзиниот овоземен живот престанал. Таа вера Црквата ја искажува во своите песнопенија нарекувајќи го гробот на Богомајката скала кон небото.

Феноменот на смртта е најголема загатака во историјата на човештвото. Колку човечки мисли, колку теории и очекувања се разбиени на ситни парчиња на фактот од смртта. Нашата, пак, вера нé учи дека смрт не постои туку дека има успение, преминување на човек од еден вид на живот - времен, кон друг - кон вечен. При сознанието на таквото учење многу работи во животот добиваат сосема поинакво значење. Самиот живот добива нова смисла. Според новата смисла се воспремаат радостите и жалостите со кои е исполнет, толку многу, животот кај сите луѓе.

Мајката Божја била земен човек. На неа не и биле непознати животните маки и страдања. Таа ќе биде прободена со копје во срцето, гледајќи го на крстот својот Син, таа страдала со Неговите страдања. Таа без роптање го носела Богомајчиниот крст. Ја пиела чашата на страдањата и соучествувајќи, исполнувајќи го послушанието и волјата Божја, до крајот на нејзиниот живот. Колку е радосно и значително што во нејзиниот гроб ние не се учиме само на сé што е свето, вечно и спасоносно, туку и примаме мајчински благослов. Во неа ние наоѓаме скала кон небото и врска со небото.

Да се поклониме пред нејзиниот свет гроб, да се поучиме од неа за повозвишеното и божественото, за христијанските добродетели, да се молиме, таа никогаш да не се оделува од нас. Таа им ветила на апостолите, а преку нив и на нас, дека ќе престојува со нас до крајот на светот и векот. Во чест на тоа ветување светите апостоли после успението на света Богородица се собирале и прекршувале леб. Тие на масата секогаш оставале еден празен стол за неа со силна вера дека таа невидливо е присутна тука. Да веруваме и да се молиме и таа да е со нас и денеска, а преку неа и нејзиниот Син, Господ Исус Христос, Кој ги услишува нејзините молитви и нашите прозби.

Да се помолиме на денешен ден на Богомајката, мајката наша и застапницата, да ни подари разбирање на смислата на животот, да ни подари стремеж кон чистота и правда, кои ние можеме да ги нацрпеме во храмот Божји и во Црквата Христова. Таа да нé покрива од многубројните беди и искушенија, да ни подари способност да ги видиме нашите внатрешни прегрешенија и силна надеж за да се очистиме од нив.

Мајко Божја по твоите молитви избави нé од секое зло и спаси ги од смртта нашите души. Амин.

28.08.2010 година, Успение на Пресвета Богородица, црква Света Богородица - Каменско - Охрид

Митрополит Тимотеј

2808201001 6

2808201002 6

2808201003 1

2808201004 1

2808201005 2

2808201006 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4