На 8 септември 2010 г., денот кога светата Црква го празнува споменот на светите маченици Адријан и Наталија, а воедно и државен празник на Република Македонија со осветување и полагање камен-темелник започна возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид. По тој повод, во манастирот посветен на свети Пантелејмон и свети Климент се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел и мноштво свештенослужители од Македонската православна црква. На чинот осветување и полагање камен-темелник за Светиклиментовиот универзитет присуствуваше Претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски и многу личности од јавниот и политички живот во Македонија.

Running sport media | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Највисоката духовна и свештена височина (08.09.2010)

Голем повод нè собра денес во овој свет храм и на ова свето место. Дојдовме за да се поклониме и да се помолиме овде, каде што се молеле и подвизувале, каде што пишувале и препишувале, каде што поучувале и просветувале светите Климент и Наум, дојдовме за да побараме благослов и помош, денес, на денов кога, по светата Литургија, ќе се означи почетокот за возобновување на светиклиментовиот универзитет, овде на Плаошник, во Охрид. Денес, со Божја помош, со осветувањето и полагањето на камен темелникот, всушност, ќе започне „покривањето“ на нецивилизациското однесување, ќе започне бришењето на срамот и злочинот направени од поробувачите врз нашето најсвето во Охрид и на македонската земја. Денес, по молитвите на светите Климент и Наум ќе започне враќањето на прволикот на нашето духовно минато, на она што е богодаруван темел врз кој се потпира нашата севкупна црковно-национална и општествена сегашност и нашата иднина. Овде, на Плаошник, на местово каде што растела и нашата Црква, и нашата вера, и нашиот морал, и нашата култура, и нашиот јазик и нашата книжнина, е, всушност, местото што можеме да го наречеме семакедонски духовен и народен дом. Овде, покрај Самоиловата царска тврдина, се нашите најдлабоки духовни корени и нашите непресушливи извори, поставени и осветени од светите Климент и Наум и нивните богоугодни претходници и следбеници. Овде, особено во времето на светите Климент и Наум, се развил богат духовно-просветен и книжевен центар, во кој се создавале кадри и дела, не само за потребите на Црквата во Македонија и на Балканот, туку и подалеку.

Свети Климент, по упокојувањето на свети Методиј (885), по нивната Моравско-панонска мисија, се вратил во Македонија и овде, во Охрид, основал училиште, кое под негово раководство прераснало во вистински универзитет. Тука се учело и писменост, и богословие, и пастирство и мисионерство, се учеле потребните науки за обучување на идните свештенослужители. Во таа дејност свети Климент имал особена помош од својот брат и сотрудник свети Наум. По изборот на свети Климент за епископ (893), свети Наум ја продолжил учителската дејност и управувал со училиштето цели седум години, по што се повлекол на другата страна на Белото Езеро, каде што подигнал манастир во чест на светите Архангели и каде што се упокоил и бил погребан. Оваа година МПЦ и институциите што го почитуваат неговото дело, одбележуваат 1100 години од неговото упокојување. Денешниов чин, со почетокот на возобновувањето на духовно-просветниот и книжевно-образовен центар овде, на Плаошник, е прекрасен прилог во одбележувањето на годишнината од блаженото упокојување на охридскиот просветител и чудотворец свети Наум. Денешниов ден е прилика уште еднаш да се потсетиме на свети Климент и свети Наум и на сите што со своите живот и дела се вградија во светоста на Плаошник и во темелот на нашата Црква, духовност, култура и просвета. Денес е, исто така, прилика да се потсетиме и на тоа дека животот без вера и дела, животот без љубов и подвиг трае кратко и брзо исчезнува од споменот и сеќавањата на сите. Но, делата во името на Бога, во името на вистината и правдата, за која нашите просветители се залагаа и бореа во сите нивни претходни мисии, а продолжија и овде на Плаошник и околу Белово Езеро, се сведоштво за тоа дека ништо не може да ги уништи светите дела и подвизи, без разлика од кого и какви удари им биле задавани.

Непогодите низ вековите оставиле свој белег, особено врз светињите на Плаошник и во Охрид. Секој поробител сметал дека колку повеќе ќе го разурне Охрид, толку повеќе ќе ја покори Македонија! Навистина, бил победен и Самоил, биле поразени и Делјан, и Војтех и Карпош и била забранета дејноста на Охридската Архиепископија, но никој не го освоил духот на овој град и никој не ја поробил духовно-народната свест на нашиот народ. Напротив, од генерација во генерација се предавал и чувал споменот за славните времиња на Плаошник и Охрид, споменот за царскиот и патријаршискиот престол, споменот за височините во духовниот и културно-просветниот раст на нашите доблесни претшественици. Сето ова најдобро се потврди преку она што се откри со преземените активности во последниве години од стручните екипи на Охридскиот и Републичкиот завод и другите надлежни институции. Сета тајна и сета вистина излегоа на виделина, зашто навистина не може да се сокрие град на врв планина (сп. Мт 5, 14), а Плаошник е нашиот највисок духовен и свештен врв. Сето тоа што овде се гледа, уште еднаш ни покажа дека оваа охридска тврдина е нашиот и црковен, и духовен, и национален и културно-просветен македонски аголен камен (сп. Мт 22, 42). Оваа реалност, напластена низ вековите пред нас, сведочи дека неуништиво е она што народот го носи длабоко во својата душа, длабоко во сенародната меморија. Плаошник, со сите свои лузни и доживеани невремиња, е сведок колку се неуништиви делата на духот, делата на подвигот, делата на богољубието и човекољубието. Впрочем, Плаошник и разурнат и затрупан постоеше и ќе постои, беше жив и ќе живее. И покрај тоа што тој повеќе од пет столетија го очекуваше своето преображение и воскресение, еве, даде Бог, по молитвите на светите Климент и Наум, заштитниците на Охрид и на нашата земја, да се возобнови делото на нивните раце. А овој светиклиментов храм, воскреснат од пепелта и рушевините, со својата светост се покажа како храм над нашите храмови и со присуството на гробот светиклиментов како наша најсвета светиња над светињите.

Ова големо возобновување, што денес ќе започне, веруваме ќе го продолжи воскресенскиот македонски од и ќе биде гордост за оваа наша генерација, а особено за оние што учествуваат во неговата обнова. Овој ден и ова свето место се прилика за да им заблагодариме на Премиерот и Владата на РМ и на сите институции и поединци вклучени во ова свето и грандиозно дело. МПЦ и нашиот верен народ се и ќе бидат неизмерно благодарни за овој богоугоден и благороден потфат, со кој, пред сè, се искажува и особена почит кон светите Климент и Наум и кон сите кои на свој начин се вградиле во оваа ненадмината македонска духовна тврдина. Но, вистинското обновување на ова свештено дело ќе го доживееме ако вистински како народ ја обновиме и нашата вера, и нашата надеж и нашата љубов и ако вистински се вклучиме и ангажираме во делата на добрата волја и во дела со вечни вредности. Со возобновувањето на Плаошник и на Светиклиментовиот универзитет, упатуваме порака кон сите што се сомневаат или ја оспоруваат нашата црковна и национална македонска вистина. Плаошник е сведок и ќе продолжи да сведочи дека ниту се плитки, ниту се нови корењата и историјата на нашето постоење. Плошник продолжува да биде нашата најголема училница,  да биде постојано отворена книга за сите, и кон сите упатено послание за вековната наша вистина, закопувана и затрупувана од освојувачите и непријателите на нашето постоење, да биде високо подигнат камен и сведок на нашето македонско воскресение.

Да се помолиме светите Климент и Наум, свети Пантелејмон и сите светии да бидат напомош и да ги закрилуваат сите кои учествувале, учествуваат и ќе учествуваат во возобновувањето на овој духовен, просветен и културен недотеклив источник охридски и македонски – Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Амин!

Архиепископ Охридски и МакедонскиСтефан

0809201001 1

0809201002 1

0809201003 1

0809201004 1

0809201005 1

0809201006 1

0809201007 1

0809201008 1

0809201009 1

0809201010 3

0809201011 3

0809201012 1

0809201013 1

0809201014 1

0809201015 1

0809201016 1

0809201017 1

0809201018 1

0809201019 1

0809201020 1

0809201021 1

0809201022 1

0809201023 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6