Кога љубовта Божја ќе го опфати срцето на човекот, тој целиот се предава на стремежот да Му угоди на Бога, превземајќи на себе се поголеми подвизи, Христа ради. Таквото нешто му е несфатливо на овој користољубив свет, кој единствено бара да си угоди себеси. Безбожниот човек слуша за подвизите на светителите и со неверување одмавнува со раката - сметајќи ги за невозможни и потполно непотребни. Зошто да мора човекот да си го остави својот угоден живот, да замине некаде таму во некоја пустелија, да се храни со тревки и да се измачува постојано, како египетските монаси, или пак со денови да стои, искачен на карпа и постојано да се моли, како Св. Серафим Саровски, или да си превземе на себе така тежок подвиг на неспиење, што никогаш да не си допуштиш да легнеш во постела, како светиот Јован Шангајски. Зошто  е потребно сето тоа? Ама оној што е затворен во своето самољубие, не ни помислува со каква благодат и љубов ги дарува Господ, тие што силно Го возљубиле Бога и се предале на подвиг, надминувајќи ги дури и законите на природата.  Генерации и генерации светители, го презреле своето тело, се подвизувале до самозаборав, знаејќи дека Господ нема да ја презре нивната жртва, туку ќе го награди нивниот подвиг, излевајќи го штедро својот благослов. 

latest Running | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!

Ете токму таков бил и светиот Претеча и Крстител Господов, Јован. Тој сиот свој живот го поминал во непрестан подвиг, истенчувајќи го со пост и воздржување своето тело, трпејќи секакви искушенија во пустината, и жега и студ и неизмерна тага заради духовната пустош, и најпосле маченички пострадал од раката на крал Ирод, кого бестрашно го разобличувал заради неморалниот живот. Но Господ го издигнал повисоко од сите родени од жена, го прославил како свој Претеча, благоволил да се крсти од неговата рака и го удостоил да седи од десната страна на величието Божјо и посредува за сите кои му се уподобуваат, следејќи го неговиот подвиг. Затоа и верниот народ го слави со почит овој голем пророк, пеејќи му вака:

„Крстителу Јоване, проповеднику на покајанието, кога твојата глава беше отсечена,  ја освети земјата, зашто Законот Божји им го објасни на верните, а беззаконието го уништи. Стоејќи пред престолот на небесниот Цар - Христа, Него моли Го, да ги помилува душите наши“ (стиховна стихира)

Претечата стои пред престолот Божји и посредува за православниот народ, а оваа година, по недостижната за нас, Божја промисла, и нашиот народ имаше можност да му возврати на Св. Јован за сите негови молитви и грижа, како и за бројните чудеса што секојдневно ги прави преку неговата чудотворна икона. Имено, на празникот во спомен на отсекувањето на Претечевата чесна глава, кој е и главна манастирска слава на Бигорското светилиште, браќата на свештената Бигорска обител, сестринството од Рајчица и бројните гости беа сведоци на еден навистина богоугоден подвиг. Нашиот народ го занемари големото невреме, силниот дожд, долгата колона на возила што во текот на неколку часа го блокираше сообраќајот и притекна од сите страни, трпеливо поднесувајќи го и долгото чекање и дождот, само за да стигне во манастирот и да му се поклони на Крстителот. Оваа мала жртва донесе голема благодат  и го привлече благословот Божји врз сите што беа присутни во манастирот, а преку нив и врз целата наша земја. Ова особено силно се почувствува за време на свечената богослужба. Надвор се истури небото, а во храмот - чиниш друг свет. Од двете певници се излеваат милозвучни пеења, очите молитвено се подигаат нагоре, каде блескаат разиграните  полиелеи, озарени со некаква таинствена светлина, и во таа светлина се изгледа поблаго, помило, порадосно... нешто неискажливо ти ја гали душата и те вознесува таму каде што пребиваат небесните сили и каде Претечата се радува, гледајќи го овој молитвен собор во неговиот свет дом. Затоа тој со поголема усрдност ги упатува своите свети молитви за овој наш народ, Го смилостува праведниот Судија, да не не осуди заради нашите бројни беззаконија, и да ги приведе сите закоравени срца кон покајание. 

Зашто покајанието што Св. Јован Крстител го проповедал, е нешто што толку многу му е потребно на овој наш народ. Но тука голема одговорност имаат токму верниците, кои треба да светат со својот богоугоден живот и да бидат пример за сите. Токму за ова зборуваше митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, во својата беседа до присутните, после архиерејската Божествена Литургија со која началствуваше, во сослужение со митрополитот Повардарски, г. Агатангел, архимандрит Партениј, еромонасите од Бигорската обител и бројни свештеници и ѓакони од епархијата и надвор.

„Но, драги браќа и сестри, во Светото писмо се вели: Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен“ ( Мт.а3,16).

Преку овие зборови секој христијанин е повикан да биде светлина на светот! Овде светлина се употребува како сонце во духовна смисла. Секој од нас треба да да свети во својот живот со своите дела, своите постапки, своите зборови и своите мисли! Првите христијани биле светлина на тогашниот незнабожечки духовен мрак. За нив свети апостол Павле пишува дека светеле како светила во светот. Така и големите наши светители и просветители блескале во својот живот и биле како запалени светилници, кои ги распрснуваат зраците на светлината и ги озаруваат сите и сe околу себе. Така треба да светиме и ние преку нашите добри дела. И другите луѓе треба да ги видат  нашите добри дела, и да Го прослават нашиот Отец небесен, а не нас. Од нас треба да извира светлина и таа да ги осветлува нашите добри дела. Да се видат нашите дела, а не ние. Треба да бидеме како чуварот на морскиот светилник. Бродарот во ноќната темнина не може да го види чуварот, освен кога неговата сенка за миг ќе ја засени светлината на светилникот. Тој ја гледа само светлината од светилникот и се ориентира според неа. И така, драги браќа и сестри, да бидеме сол на земјата и светлина на светот. И така, секој од нас трудољубиво нека се грижи за своето духовно усовршување и за своето духовно спасение, поддржувајќи го свети Јован во мислите, во зборовите и во делата.

Во овој наш подвиг ние имаме многу помошници. Еден од нив е и свети Јован Крстител. Затоа, почесто да ја бараме неговата благодатна помош: Крстителу Христов, спомни си за сите нас да се избавиме од нашите беззаконија:зашто тебе ти се даде благодат да се молиш за нас. Амин!"

1109201001 1

1109201002 1

1109201003 1

1109201004 1

1109201005 1

1109201006 1

1109201007 1

1109201008 1

1109201009 1

1109201010 1

1109201011 1

1109201012 1

1109201013 1

1109201014 1

1109201015 1

1109201016 3

1109201017 1

1109201018 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6