На 12 септември 2010 г., во црквата свети Никола во село Мали Влај – Струшко се изврши преосветување на светиот Престол. Чинот преосветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Темелко Донески, јереј Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. После преосветувањето на светиот Претстол се служеше света архиерејска Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

spy offers | Nike

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Пред своите страдања Господ Исус Христос се моли на Својот Небесен Отец: „Освети ги со Својата вистина; Твоето слово е вистина. И за нив јас се посветувам, за да бидат и тие посветени во вистината“ (Јов. 17, 17 и 19). Оваа молитва била не толку за апостолите колку и за нас верните луѓе кои сме ја примиле од апостолите и благодатта и вистината Господова. Таа молитва се однесува на сите оние што постанале свети и за оние што треба да бидат свети, со силата на нивните подвизи. Светата црква во молитвите на светата Литургија н# нарекува сите нас свети. При раздробувањето на светиот Агнец се изговараат зборовите: „Свјатаја Свјатим“, или телото Христово се принесува за сите светии односно за сите христијани.

Од зборовите на првосвештеничката молитва ние разбираме дека човекот е потребно да ја придобие светоста следејќи ги милиони луѓе и угодниците Божји и светите небесни жители. Христос вели: „Освети ги во Твојата вистина“. Но, што е тоа вистина? - Словото Твое е вистина. Зашто Словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето“ (Евр. 4, 12). Во нив ни се открива целокупната волја Божја за нас и целиот пат на нашето спасение, сето тоа го направил Бог за наше спасение и ние сме должни да го правиме сето тоа за да бидеме спасени.

Вистината Божја ги раководела сите светии да се удостојат уште за живот да го гледаат лицето на Бога и да светат со нивната светост. Вистината Божја е една, но секој кој се прославил и свети со посебна особеност. Се раководеле со една вистина, но луѓето се различни според мерката на своите сили и способности, ги примале во нивните животи идеалите на благочестието, чистотата и светоста. Едни угодници Божји се прославиле со подвигот на постот и молитвата, други со трпение, трети со дела на милосрдие и љубов, четврти со преданоста на Бога и љубов кон ближните, додека многумина своите животи и својата крв ја пролеале и посведочиле за бесмртноста на Божествената вистина осветувајќи и прославувајќи ги.

Но драги браќа и сестри со сигурност можеме да кажеме дека денеска се собравме во овој свет храм кој е посветен на вселенскиот светител и чудотворец Николај Мирликискиот чудотворец. Тој ги соединил сите добродетели на луѓето на земјината топка и со тие добродетели им свети на сите христијани во светот. Поминаа повеќе од 17 века кога свети Никола живеел и се подвизувал. Не гледајќи на изминатото време што н# разделува тој како и порано живее со сите нас. Тој ја слуша секоја прозба од нас и според дадената му благодатна сила од Бога не само што ги исполнува нашите прозби туку и претходи пред нив. Тој им помага на луѓето, на секој човек, на секое семејство кои го повикуваат неговото свето име. Тој помага и на црквата и на луѓето.

Свети Никола - тоа е еден од немногуте светители на црквата Христова кого го почитуваат не само сите православни луѓе, туку и сите луѓе дури и не хриситијани. Тоа ни е многу познато дека ниеден морепловец не поаѓа на пат во непрегледната морска шир, додека не упати молитва и благослов од свети Никола. Во лицето на свети Никола ние имаме свој помошник, лекар, ослободител и утешител, на светот кој му дава многу исцелителни милости и неисцрпни чуда на оние кои го молат. Не случајно светата црква во прославувањето на свети Никола во црковните песни искажува торжество и недоумение: „Со какви пофалби и слова или песнопенија да го прославиме нашиот голем Светител“. Зборовите не ги опфаќаат достојно да ги одбележиме неговите чуда. Во акатистот ние го нарекуваме цвет на Божественото садење, „лоза на добродетелите од Христовото лозје, дрво од кое течат чуда, или извор на чуда на рајот Христов“.

Светот, лозата и дрво! Ние знаеме дека сите дрва кои даваат плодови и луѓето се насладуваат од нив не биле од секогаш такви, туку минало време долго и тие растеле и се зацврстувале. Ниту свети Никола одеднаш постанал светител и чудотворец вселенски. Тој како и сите луѓе имајќи го зрното на Божественото сеење, многу се трудел да израсне во светот со мерата Христова. Уште од детството се одликувал со благочестивост. Во младоста имал однос кон Бога и луѓето. Неговите трудови, подвизи, напори, исцрпувањето, како физичко така и духовно, па ракополагањето во ѓаконски, па потоа во презвитерски чин, посета на светата земја и примање на апостолска благодат и ревнувањето во епископско чување на божествените догмати, вистината Христова и Евангелската правда, борба со Аријаните, гонење и страдањето во таа борба. Во затворот самиот Спасител и Богородица му го вратиле одземениот архиерејски чин со враќање на архиерејскиот омофор.

Самата вистина се јавува преку свети Никола, како правило на верата и образец на кротоста и учител на воздржанието. Со своето смиерение тој ја достигнал висината, а со сиромаштија богатството. Оние што вистински веруваат во него прибегнуваат кон него со молитва. Колку во нашата православна црква се подигнати храмови со негово име. Колку луѓе го носат неговото име. Колку семејства го имаат како домашен ден. Колку луѓе се препуштаат во неговите раце. Сето тоа говори дека свети Никола бил со нашиот народ, тој постојано присуствува помеѓу нас и чудодејствено ни помага на сите нас на патот кон спасението. Тој секогаш оди во пресрет и помага на секој еден кој бара помош и го повикува него на помош. Тој Го моли Господа да н# освети со неговата вистина, па по неговиот пример и ние да влеземе во радоста на нашиот Господ.

12.09.2010 година, Свети Никола - Мали Влај  - Струшко

Митрополит Тимотеј

1209201001 1

1209201002 1

1209201003 1

1209201004 1

1209201005 1

1209201006 1

1209201007 1

1209201008 1

1209201009 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6