Празнувањето на раѓањето на Пресвета Богородица, во Дебарско-кичевска епархија со празнични богослужби се прослави во сите цркви и манастири. По тој повод, во попладневните часови на 20 септември во манастирот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица во селото Манастирец – Македонски Брод, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски служеше Акатист во чест на раѓањето на Мајката Божја.

latest jordans | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Вечерта, со почеток во 19 часот во манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста во Кичево, Митрополит г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители служеше празнична Вечерна богослужба, а веднаш по нејзиното завршување, пред чудотворната икона на пресвета Богородица се служеше акатист во чест на нејзиното раѓање. Кон верниот народ кој беше собран во огромен број Владиката се обрати со поучно слово.

Наредниот ден, утрото, со почеток во 7:30 часот започна Утрената богослужба после која следуваше и света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј во сослужение на свештенослужители од Македонската и Албанската православна црква. За време на светата Литургија, теологот Горан Ставрески беше ракоположен во ѓаконски чин. После завршувањето на Литургијата во дворот од храмот се изврши мал Водосвет и се  благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри!

Драги браќа и сестри! Денес, светата православна црква го прославува раѓањето на света Дева Марија. Затоа нашата света црква пее: „Твоето раѓање Богородице Дево, радост му јави на целиот свет“. Затоа денеска се радува и небото и земјата. Радоста се гледа во тоа што  Бог ја дарува на светот преблагословената Владичица Богородица. Со нејзиното раѓање доаѓа радост на светот. Со нејзиното доаѓање се посведочува дека човечкиот род не е оставен да загине и погине во грев, туку дека Господ сака да го повика и спаси од погибел. На светот му е потребно да изгрее Сонцето на правдата - Христос нашиот Бог. Таа е преблагословена како Месечина, што го навестува Сонцето. Таа доаѓа да послужи за да се отелотвори во неа Оној, Кој не може никаде да се смести; таа да постане ковчег на најголемата светиња во светот, да го принесе и да го покаже, носејќи го во своите мајчински прегратки Единородниот Син и нашиот Господ Исус Христос. Таа го исполнува советот на Светата Троица. Па, затоа со таква радост Црквата ја воспева денеска, нарекувајќи ја Мајка на Христа Бога, Царица на небото и земјата, споредувајќи ја со утринската зора, која го наговестува почетокот на Божествениот ден!

    Верните луѓе со особена радост и духовна умилност ја нарекуваат Застапница на грешните луѓе. Да се застапува за беззаконите и недостојни луѓе, тоа не е лесна мисија. Не е лесно, но таа се јавува и како Мајка Божја. Таа нé гледа сите колку сме различни во нашите паѓања и гревови, престапувања и грешења. Многумина од нас сме уцврстени и озлобени, па ни е тешко да се покаеме и очистиме, за да и принесеме неа радост. Многумина од нас како грешници, забораваме и на Бога, и не ги помниме грижите на Божјата Мајка, и тешко ни е да се покаме, оправдувајќи се со младоста, безгрижноста, или, пак, премногу врзувајќи се со земните богатства. Човек, кога е здрав и во добра состојба, тој или малку или воопшто не размислува за своите гревови, за вечниот живот, и за повозвишени нешта. Помеѓу тие, пак, кои се лишени од здравје, или од земни богатства, многумина не си спомнуваат за Бога, за Мајката Божја, затоа што очајуваат, поради слабоста на нивната вера. Во каква состојба би се нашол човек - тој е дете Божјо и дете на Мајката Божја. Таа е Мајка за сите: и за добрите и за лошите; за оние што се сомневаат и маловерните, немоќните, слабите; за живите и за оние што се на умирање; за сите таа е усрдна застапница. Таа го моли својот Син за сите нас. Не и е лесно на Мајката Божја да биде застапница на човечкиот род. Ние луѓето сами на себе си создаваме тешкотии. Подигнуваме ѕидови, кои нé разделуваат од Бога и застапницата наша, Мајката Божја. Над сé стои мајчинската љубов, нејзината силна и горешта молитва, и нејзиното постојано застапништво. На неа сите луѓе и се драги. Нејзиниот, пак, Син, не може да не ја услиши нејзината молитва и нејзините воздишки за родот човечки. Он неа и говорел: „барај мајко од мене, Јас нема да те вратам, туку ќе го исполнам секое твое барање“. Молитвата на секоја мајка не останува празна, а уште повеќе, пак, на Мајката Божја, која во себе ја има севкупната мајчинска љубов.

    Имаме многу примери каде се искажува големата љубов на мајката кон своите деца. Еден син, кој живеел распуштен живот, подавајќи се на алкохол и на други пороци, во едно бессознание во гревот, одлучил да ја убие и својата родена мајка. И откако го извршил делото, ја ставил нејзината глава во вреќа, и се обидел да ја фрли надвор од населеното место, па застанал со автомобилот, и сакајќи да го прескокне ендекот, се сопнал и паднал. Мајчината љубов од отсечената глава проговорила,  но таа не проговорила со клетви, со прекори, туку повторно ја искажала мајчинската грижа: „синко да не се повреди?“ Овој пример ги покажува јачината и силината на мајчинската љубов. Имаме, исто така примери и од житијата на светиите. Мајката на бл. Августин, света Моника, го следела својот син од град во град. Таа не можела да го спаси, но одела по неговите грешни патеки и ги заливала со солзи на мајчинска љубов, и со надеж дека нејзиниот син ќе се поправи. Кога таа пристапила кон старец Амвросиј, тој и рекол: „Солзите мајчински не можат да пропаднат без забележителна трага.“ И нормално, синот се покајал и се преобратил, па го нашол правиот пат. Потоа тој станува и голем учител на црквата Христова.

Ова е еден од многуте примери на мајчинска љубов кон децата. Мајката Божја боледува за нас, плаче за нас и со нас. Таа непрестано бара милост за нас кај Господа, за нашите многубројни престапи и прегрешенија. По нејзините молитви Господ ни испраќа сé што ни е потребно за нашиот времен и вечен живот. Ете зошто ние секогаш прибегнуваме кон неа и ја молиме: „Пресвета Мајко Божја моли го твојот Син и наш Бог, да ги спаси нашите души.“ Амин!

ман. „Света Богородица“ Пречиста
21.09.2010 год., Кичево

Митрополит Тимотеј

2109201001 1

2109201002 1

2109201003 1

2109201004 1

2109201005 1

2109201006 1

2109201007 1

2109201008 1

2109201009 1

2109201010 1

2109201011 1

2109201012 1

2109201013 1

2109201014 1

2109201015 1

2109201016 1

2109201017 1

2109201018 1

2109201019 1

2109201020 1

2109201021 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6