„Денес живоносниот сад од незаодните земни прегратки излегува и го објавува воскресението на Христа прикованиот на него; издигнуван и од рацете на свештениците го објавува и неговото издигнување на небесата. Преку него, нашата природа, од падот на земјата, на небесата жителствува; затоа благодарствено да повикаме: Господи, Кој се вознесе на него, а со него нас нé совознесе, удостој нé со Твојата радост небесна, како Човекољубец.“(стихира од вечерната богослужба)

Running sport media | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger

Денес се издигнува пред нас Чесниот и Животворен Крст Господов. На него ги рашири пречистите Свои раце, Спасителот на светот и Избавителот од гревот. Ги рашири, за нас да нé избави од убодот на отровната змија и да ја подготви нашата душа за вечниот живот. Затоа Христос вели: „И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба Синот Човечки да се издигне, та никој што верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен.“

И навистина пред Крстот Христов замира злобата, пресушува зависта, престанува гревот и порокот. Само Христовиот Крст може да го ублажи отровот на гревот, да ги раскине оковите на страстите и да ги упати нашите очи кон вистинскиот живот. Затоа ние со радост го почитуваме, го славиме, му се поклонуваме и го величаме Пречесниот Крст, надевајќи се на силата негова и упатувајќи молитви кон Оној Кој од љубов за нас се распна на Него. 

Токму затоа, чествувањето на Крстот Господен во манастирот посветен на Св. Георги Победоносец во Рајчица е навистина радосен и торжествен настан, кога на сеноќното бдение во слава на Воздвижението на Животворното дрво, притекна големо мнозинство на верен народ, за да ги вплоти своите молитви во едно големо торжествено славословие кон Распнатиот и кон Неговиот сечесен Крст, со кој се спасуваме. 

Нашите свети отци, просветлени од Светиот Дух, составиле прекрасни стихири во кои го возвеличале Христовото распетие зашто ја спознале Неговата непобедлива и спасителна сила, и со радост го прегрнале Христовиот Крст, принесувајќи Му срца полни со љубов и длабоко покајание. Затоа овие стихири така умилително ги допираа срцата на присутните, будејќи покајание и храброст смирено да го понесат својот животен крст, како некогаш на Голгота, нашиот преблаг Господ.

Беседејќи за значењето на Крстот во животот на секој христијанин, Митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки, г.Тимотеј, во своето обраќање до присутните, после Божествената Литургија со која чиноначалствуваше, нагласи колку е големо и важно покајанието кое вплотено со љубовта и верата треба да ја исполнува христијанската душа: 

„Најблагиот, најслаткиот и најдобриот добротвор на Човечкиот род е распнат заедно со најголеми разбојници. 

На Голгота се издигнати три крста. На едниот виси Нашиот Спасител, Господ Исус Христос и тоа е крстот кој ја симболизира силата на верата, љубовта и сеопростувањето. На вториот крст виси силата на гревот и непокорноста, а на третиот виси силата на верата и љубовта со покајанието. И токму тука се покажува силата на верата со покајанието, зашто Господ на еден од разбојниците му кажа: Денес ќе бидеш со Мене во рајот!

Навистина, нашиот Спасител, Господ Исус Христос бил предаден од ученик, а распнат од првосвештениците и книжниците ерусалимски,  еврејски и јудејски, бидејќи посакувајќи царство од овој свет, се плашеле и не сакале да прифатат дека Господ Исус Христос не зборува за времено царство, кое ќе трае одреден број на години, туку, за царство вечно, царство непреодно.

Сите апостоли кои Го следеле Христа, ги виделе Неговите раце раширени, од кои течело крв, а Тој, распнат на Крстот им испраќа зборови на надеж и утеха, а апостолите со солзи се труделе да ги разберат тие последни поуки кои им ги упатил Спасителот од Крстот.

Знаеме дека првите векови за христијаните биле гонење и страдање, некаде повеќе, некаде помалку, но во принцип, се леела крвта христијанска, затоа што се нарекувале христијани, затоа што верувале и Го исповедале Христовото Евангелие.

Како што има распнување, така има и воскресение. 

Црквата во почетокот на IV век извојува победа, огреа слобода за христијаните и христијанството насекаде се исповедало. После тоа, мајката на цар Константин, Елена, ќе вложи голем труд, сили и средства за да го пронајде Светиот Крст и ќе разруши еден многубожечки храм токму на местото каде што бил закопан Крстот на Господ Исус Христос и тогашниот Ерусалимски патријарх Макариј, високо ќе го издигне Крстот, за сите христијани кои се наоѓале во Ерусалим да го видат и да Му се поклонат. 

Тој крст и денес Светата Православна Црква го изнесува и воиздигнува пред секоја христијанска душа, повикувајќи нé на покајание и простување, поучувајќи дека Христовите раце, прободени, лекувале секаква болест, мртви воскреснувале, расслабени оздравувале, слепи прогледувале и секакви други болести лекувале.

Но, сепак, Божјата волја била таква, да тие раце бидат раширени на Крстот за да ја прегрнат целата вселена и сите христијани од целиот свет. Во чест на овој настан, Светата Црква го востановува и овој празник, Воздвижение на Чесниот Крст Господов.

Но, има една разлика, драги христијани. Некогашните христијани, кои страдале и биле измачувани, со голема сила и вера пристапувале и добивале исцеление и прошка на нивните гревови, бидејќи со непоколеблива вера гледале кон Христа и Неговиот Чесен Крст. Додека, ние, денешните христијани, кои живееме во релативно мирни времиња и покрај тоа што го гледаме Чесниот Крст, и покрај тоа што се поклонуваме пред Него, не допира до нашите души и срца, за да побараме вистинско покајание и опростување на сите наши престапи и гревови, за да добиеме опростување и спасение, како разбојникот кој со два збора Го исповедал Христа и Го замолил да си спомне за него.

Нека Чесниот Крст побуди во нас вистинска вера и ние да побараме такви солзи на покајание како разбојникот, за да го добиеме  ветеното царство кое нашиот Господ го подготвил за секоја христијанска душа. Тој да биде наша сила и оружје со кое ќе го победиме злото и ќе одиме во светлината на доброто, сега и во сите векови. Амин!“

 „На дрвото на Твојот крст се поклонуваме, Човекољубче, зашто на него се прикова Ти, Животу на вселената; рајот му го отвори Спасителу, на разбојникот што со вера Ти пријде и за насладата рајска се удостои, обраќајќи Ти се: Спомни си за мене, Господи! Прими нé како него и нас кои викаме: Сите згрешивме, но поради Твоето милосрдие не презирај нé“ (стихира од вечерната богослужба)

2709201001 1

2709201002 1

2709201003 1

2709201004 1

2709201005 1

2709201006 1

2709201007 1

2709201008 1

2709201009 1

2709201010 1

2709201011 1

2709201012 1

2709201013 1

2709201014 1

2709201015 1

2709201016 1

2709201017 1

2709201018 1

2709201019 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6