На 30 септември 2010 година, денот кога се слави споменот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, во црквата света Софија во Охрид се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски, јереј Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Васко Голабоски и Горан Ставрески. За време на светата Литургија, ѓаконот Горан Ставрески беше ракоположен во свештенички чин. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово.
Best Authentic Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth