Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3 октомври 2010 година (недела), во катедралниот храм „Света Софија“ - Охрид, по повод големиот Јубилеј „1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски чудотворец“ со почеток во 18.00 часот, ќе биде свечено отворена изложбата на икони „Свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“.
Изложбата свечено ќе ја отвори Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Истовремено ќе биде промовирана и книгата „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ од д-р Сашо Цветковски. Промотори на книгата ќе бидат Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Академик Цветан Грозданов.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на овој свечен Јубилеј.
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА
ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
МИТРОПОЛИЈА - ОХРИД
Nike Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ