На 09.10.2010 година, денот кога светата Црква го празнува Упокојувањето на свети Јован Богослов, во црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, архимандрит Нектариј, протојереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓаконите Васко Голабоски и Антоние Попоски. Пред почетокот на Литургија беше извршено и преосветување на светиот Престол.