„Откако се украси со желба за Бога, преподобна мајко Параскево, и замрази сé што е суетно во овој лажен живот, Тргна по Христа, горејќи со жед за духовното; кога го умртви телесното мудрување со воздржание, со вистинско умиление и совршено смирение, од Бога си примила дар за неискажливи чудотворења; Него моли Го, да ги спаси и просветли душите наши.“

Running Sneakers Store | Yeezy Boost 350 Trainers

 Какви прекрасни цветови крие оваа наше сакано Православие. Како најмиризлива градина од која постојано се напојуваме со духовни сили и благодат. Црпиме од богатото искуство на овој непресушен извор и ја храниме душата со многу богоугодни примери на свет живот. А таков свет пример е токму преподобната Параскева, која за ништо не го сметала богатството на своите родители, ниту световната слава, туку од љубов за својот Младоженец Христос, го напуштила своето родно место Епиват и цел живот го поминала во пустината, подвизувајќи се неуморно во строг пост и непрестајна молитва и трпејќи разни демонски искушенија. И откако добро го завршила својот подвиг и Му угодила на Бога, таа била известена од ангелот дека треба да се врати во своето родно место и таму да го заврши својот живот. И така послушна на Божјиот збор, Параскева се вратила во Епиват и таму поживеала уште две години, потполно непозната за луѓето, и откако се упокоила, била погребана на местото за тугинци. Но Божјата промисла го открила во полн сјај нејзиното нетлено и благоухано тело, кое денес се чува во храмот во Јаши, Романија и привлекува бројни поклоници, восхитувајќи со постојани  чудеса и исцеленија. 

Затоа насекаде низ Православието со посебна љубов се чествува нејзиниот свет спомен, и се опеваат нејзините подвизи и чудеса. Така и во Дебар, во храмот посветен токму на Св. Параскева, верниците со Архиерејска Божествена Литургија го прославија празникот на Преподобната. Со Литургијата чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, во сослужение со игуменот на свештената Бигорска обител, архимандрит Партениј, како и еромонаси, свештеници и ѓакони од епархијата. Дебрани со голема радост го пречекаа својот архиереј и го запознаа со сите активности во поглед на обновата на овој храм, како и со состојбата на останатите дебарски храмови, кои во почетокот на 19 век ја одразуваа убавината на овој некогашен центар на митрополијата.

 Според одредени историски сознанија градот Дебар датира уште од периодот пред X век и претставува значаен дел од богатата традиција, култура, духовност и славна историја на нашиот народ. Тука живее духот на Јован Дебранин, којшто бил удостоен од императорот Василиј да стане прв архиепископ на Охридската Архиепископија. И во трите хрисовули, т.е. златни грамоти, тој бил поставен за духовен водач на 30 епархии во Самоиловото царство. Тука се негувала посебна љубов кон народното уметничко творештво, од тука произлегле вештите мајстори градители, копаничари, зографи, кујунџии, никулци на познатата Дебарска школа, па дури и денес останале зачувани раскошните преродбенски храмови и куќи, како одблесоци на познатата Дебарска архитектура, уникатна во својот вид. Тука живееле и работеле многу славни борци за македонската духовна и национална самосвест, дејци за негување на словенската традиција и нејзино запазување во тешките моменти од историјата, кога македонскиот ентитет бил во опасност од засилената асимилација од страна на Грците и Османлиите. Многу од нив ги положиле и своите животи за тоа, како што е архимандрит Теофил Аврамов, кој бил подмолно убиен на пат за Лазарополе, спроти празникот Илинден во 1884 год. Неговата дејност ја продолжил Дебарскиот митрополит Козма Пречистански, голем борец против непријателските пропаганди, кој е најзаслужен за духовното и национално издигнување на народот и организирање на црковните училишта во тој период. 

 Денес во градот за жал е останато многу малку од богатата култура која беше создавано низ вековите на бурното минато. Најголемото богатство на овој град биле неговите жители, кои, задоени уште од мали нозе со силна љубов и вера кон нашиот Господ, Исус Христос, не помалку ја љубеле и својата сакана татковина, и пожртвувано се вложувале во мисијата за зачувување на нејзината словенска традиција. Сега Дебар е мултинационален со карактеристично сожителство меѓу христијаните и муслиманите, и меѓу сите националности, кое веројатно е плод на вековната традиција.

На крајот од литургијата владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри!

Нашата света православна Црква денеска го прославува споменот на преподобна мајка Параскева - Петка. Таа била родена во Епиват, во денешна Турција. Потекнува од богато и длабоко религиозно семејство. Таа уште од најрана возраст го засакала Христа и го носела крстот на верата и животот. Уште како мала се одликувала со нејзината приврзаност кон Христа и ги отфрлала сите можни задоволства што и ги пружале нејзините богати родители. Не сакала ниту во облеката, ниту во исхраната, ниту, пак, во однесувањето да се разликува од нејзините врснички со кои се дружела и живеела во родното место. Напротив, таа и своите скапи облеки што и ги купувале нејзините родители ги раздавала на бедни и сиромаси и се облекувала како и сите останати. Св. Петка уште од мали нозе го имала св. ап. Павле за пример, кој вели: „За  слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сè, та по каков и да било начин да спасам некого“ (1Кор. 9,22).

Оваа света душа многу јасно ги разбрала зборовите на нашиот спасител, Господ Исус Христос, кој вели:  „Кој сака да врви по Мене нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Лк. 9,23). Во овие зборови се содржи едно исклучително повикување на секој еден кој поверувал во Исуса Христа. Во нив е вклучен вистинскиот смисол на христијанскиот позив и се состои содржината на нашата припадност кон Христа. Преку нивното исполнување ние потврдуваме дека сме навистина ученици и следбеници на Господа Исуса Христа.

Овие зборови имаат голема сила и длабочина. Оние што ги примиле вистински и со права вера во Христа постанале угодници Божји, запалени светилници во Неговата Црква. Израснале духовно во совршени луѓе, според ликот и подобието на Синот Божји. Примени со искрено срце, овие зборови извршиле длабока преобразба не на еден човек, туку на безброј луѓе во историјата на христијанството. Многу грешници, примајќи ги овие зборови, станале силни подвижници на верата и добродетелите; колебливите луѓе, веени од секој ветер, ги направиле јаки столбови на совеста и на доброто. Овие зборови, како повик Христов, прозвучиле во многубројните срца, а продолжуваат и сега да одекнуваат и да предизвикуваат восхит и запрепастување. Предизвикуваат восхит кај оние кои веруваат во Христа, запрепастуваат, пак, кај колебливите и кај оние што не се во дворовите Господови.

Света Петка, која сè посилно ги слушала овие зборови на Христа тргнала по него, врвела неуморно по тешкиот и мачен пат на совршенството. Таа престојувала во искрена, силна и непоколеблива длабока молитва кон Бога. Желбата на нејзиното срце потполно да се оддаде на молитвен и испоснички живот ја натерало да го раздаде целокупното богатство на сиромаси и да го напушти родното место. Најпрво живеела во Цариград при некоја црква, каде се подвизувала, а потоа се упатила во Јорданската Пустина во Палестина. Таму таа поминала многу години во подвиг, подвизувајќи се како големите подвижници, под силното пустинско сонце и жешкиот песок, а хранејќи се со диви плодови, суви треви и нивните корења.

На крајот од својот живот имала видение и го слушнала гласот Божји, кој и рекол дека таа треба да ја напушти пустината и да го заврши својот живот во родното место Епиват. Раководена од тој глас се вратила во родното место, но не била препознаена од нејзините сограѓани и кога го завршила земниот пат и блажено се упокоила во 11 век била сохранета како туѓинка и непозната, настрана од гробиштата каде што се сохранувале тамошните жители.

Но, Бог ја прославува неа, која се откажала од овој свет за да му служи Нему и на луѓето. Оние луѓе кои имаат храброст да се откажат од себе се луѓе кои секогаш носат благодети за човештвото, и тоа колку повеќе ја покоруваат својата волја на Божјата волја и на законот Божји, толку повеќе плодови носат.  Не е можно да им се служи на луѓето, а да не се одрече од себе. Кој сака да живее само за себе ќе го напушти овој свет незадоволен, бидејќи ќе дојде часот на жалоста и ќе разбере дека живеел напразно. Кој се грижи да си угоди само себеси, а не да им послужи на луѓето, ќе го напушти овој свет без да има спомен за него, бидејќи и со ништо луѓето не ги задолжил да го паметат и да му заблагодарат. Но, оние кои им служеле на луѓето со правење добро, им помагале, без разлика колкава и да била таа помош, нивните имиња се паметат кај луѓето, а најважно е што тие се запишани во книгата на животот, односно кај Бога.

Не може човек вистински да служи на доброто, а преку тоа и на луѓето без самоодрекување. Никој не може да стане научник без самоодрекување. И научникот е обичен човек во овој живот, не се разликува од другите луѓе, но, за да постигне нешто во науката, тој треба непрестано да се откажува од многуте задоволства на овој живот, додека останатите луѓе во сето тоа уживаат како нешто нормално и што им припаѓа. Научникот се откажува од многу радости, зашто времето на создавање е скапо. Тој е насочен во затворен кабинет или лабораторија, без доволен чист воздух, со многу книги, прашини и слично. Не е можно научно достигнување без, условно речено, аскетско однесување на самоодрекување.

И ние денеска кога го прославуваме споменот на преподобната Параскева - Петка да и се обратиме со искрена молитва таа да биде наша молитвеница и застапница пред Господа и од нејзината силна и непоколеблива вера да всади и во нашите срца и души, та и ние да одиме по вистинскиот Христов пат и да добиеме Царство Небесно. Амин!

petkovden201001

petkovden201002

petkovden201003

petkovden201004

petkovden201005

petkovden201006

petkovden201007

petkovden201008

petkovden201009

petkovden201010

petkovden201011

petkovden201012

petkovden201013

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6