На 01.11.2010 година, на празникот на преподобниот Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, традиционално како и секоја година, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески, и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј го прекрши празничниот колач.