По повод одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, а по покана на деканатот на Факултетот,
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј учествуваше на свеченоста што се одржа на ден 09.12.2010 година во аулата на Факултетот. После поздравниот говор на деканот на Факултетот, Проф. д-р Сашо Коруновски и на ректорот на Универзитетот Проф. д-р Златко Жоглев, како и на претставникот од Владата на Република Македонија и евроамбасадорот Ерван Фуере, беа доделени плакети и благодарници. На Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј му беше врачена плакета за успешна соработка и придонес во развојот на Факултетот. Митрополитот Тимотеј се заблагодари за честа која му беше укажана и им посака и понатамошна успешна работа.
Running sports | 【国内4月24日発売予定】ナイキ ウィメンズ エア アクア リフト 全2色 - スニーカーウォーズ