На ден 18.12.2010 година, на празникот на св. Нектариј Битолски, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен Јосиф, јеромонах Григориј, свештеник Игор Никовски и ѓакон Васко Голабоски. Претходниот ден Митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше и на вечерната богослужба и го прекрши празничниот колач, а во чест на именденот на игуменот на манастирот „Св. Наум“, Неговото Високопреподобие архимандритот Нектариј.