Исполнувајќи ги зборовите Христови „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е Царството небесно“ (Мт. 19,14), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, традиционално, и годинава, на празникот на Христовото раѓање ги прими во својот дом дечињата на вработените во нашата епархија. Митрополитот Тимотеј ги благослови најмладите и им подели Божикни пакетчиња, та и тие да учествуваат во радоста на Христовото раѓање. Дечињата искрено му заблагодарија на дедо Владика и ја целиваа неговата света десница.