На 09.01.2011 година, денот кога го чествуваме светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, света архиерејска Литургија се отслужи во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, протојереј Митре Попоски, свештениците Ристе Наумоски, Петар Бојчиноски и Игор Никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна поука и им подели нафора.
url clone | Women's Nike nike roshe heart and sole shoes for women Shadow trainers - Latest Releases , Ietp