„Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син; и Духот, во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави, Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти.“ (тропар на Богојавление)

affiliate tracking url | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Прославувањето на големиот христијански празник на светото Богојавление – Водици, и годинава, велелепно и со сите почести беше одбележано во нашата епархија. Празнувањето започна со света архиерејска Литургија во црквата „Св. Богородица – Каменско“ на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а во сослужение на протојереј – ставрофор Ефтим Бетински, свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Димче Азески и Горан Ставрески, ѓаконите Лазо Лазаровски и Николче Ѓурѓиноски, а на чинот на Богојавленскиот водосвет учествуваше и протојереј- ставрофор Тоди Јован од Поградец, Р. Албанија. По завршувањето на Литургијата, верниот народ предводен од нашиот Митрополит Тимотеј, со свечена литија се упати кон Охридското пристаниште, каде беа осветени водите на Охридското Езеро и беше фрлен чесниот Крст. Од  многубројните скокачи по Крстот, годинава најголема среќа имаше Јован Делов од населбата Варош од Охрид. Годинава, за првпат, по иницијатива на здружението „Богојавление“, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, се одржа и групно крштевање, кон кое пристапија повеќе од триесет души.

По завршувањето во Охрид, Митрополитот Тимотеј ги освети и водите на реката Црни Дрим во Струга и го фрли чесниот Крст, кој годинава заврши во рацете на Мирко Димоски од Струга.

Кон верниот народ, кој во огромен број дојде на Охридското пристаниште за да учествува во Богојавленските празнувања, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска нашата света Црква го прославува водното крштевање на нашиот Спасител Господ Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован Крстител. Истовремено, го прославува и јавувањето на целата Света Троица, токму во моментот кога Господ Христос по потопувањето во Јорданските води излегува. Тогаш Света Троица на едно место јасно ќе се открие на севкупниот човечки род: Синот Божји се крштева, Духот Свети слегува врз Него во вид на гулаб, а Бог Отецот од облаците сведочи дека Овој е Син Негов.

Јован Крстител дефинитивно не го познавал Господа Христа, затоа и се возбудил кога пристапил Исус Христос да биде крстен од него. Затоа св. Јован се обидува да го одврати Христа велејќи му: Ти треба мене да ме крстиш, а не јас Тебе да Те крстам. Тој ја чувствувал Неговата возвишеност и величественост. Но, досега тој ништо не можел да им каже на луѓето за Него, освен неодредено: „Меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате” (Јован 1,26). Или, пак, „И по мене иде Човек, Кој пред мене беше, оти постоеше порано од мене“ (Јован 1,30). Но, денеска откако го виде и слушна за Него од Небото, Јован сведочи велејќи: „И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји“ (Јован 1, 34).

Пред да влезе во водата Господ му рекол на Јована: „Нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“ (Мт. 3,15). Правдата најпрво е во тоа што сите погрешиле и се лишиле од славата Божја (Рим. 3,23). Исус, пак, како што знаеме, ќе ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците ќе стане посредник (Иса. 53,12). Но, пред да ги понесе потребно е да ги земе врз Себе. Потопувањето во водата, која била преполна со гревовите на луѓето, било земање на гревовите врз Себе. Како што пишува св. Јован Дамаскин: „Он се крстил не затоа што Самиот имал потреба за очистување, туку го усвојува моето очистување врз Себе“.

Но, не веднаш со самото влегување на Исуса во водата сите сме се очистиле. Потребно е да се потсетиме на старозаветното очистување со вода. Тоа е многу јасно и гласно кажано во Третата Мојсеева книга (Левит), дека после секое допирање до нечисто било потребно да се измијат со вода и дека ќе останат нечисти сè до вечерта (3Мој. 15,5). Не се постанува автоматски чист со миењето, туку било потребно да помине извесно време, односно да настапи вечер. Ова е предобраз на Новиот завет. Така и после влегувањето на Господ Исус Христос во Јорданските води ќе поминат уште три години додека дошла ноќта кога ќе настапи вечерта на Неговиот живот. И само после доаѓањето на таа вечер, со покајание и вера се прима очистување со вода и Дух на секое време и на секое место.

Спасението се извршува и со Божја помош, но потребен е и човечки труд. Човекот е должен и да се покае за гревовите. Господ е должен да дојде и да ги земе тие гревови на Себе и да Се распне на крстот. Таа средба се случува во водата на крштевањето. На денешен ден се крштевале само оние што се подготвувале за оваа света Тајна т.н. катихумени. Потоа, овој ден ќе постане општ празник на светата Црква и ќе се празнува како Теофанија. Денеска светата православна Црква практикува крштевањето да се извршува уште во најрана возраст, односно таа ги советува и учи своите верни да ги крштеваат децата додека се уште бебиња. Затоа пак, кумовите и родителите земаат обврска пред Бога и пред Црквата да ги воспитаат во православната вера децата што ги крштеваат.

Затоа денешниот ден е голем празник. Тој ни напомнува на сите нас за светата Тајна на нашето крштение и нè повикува сите да ја примиме оваа тајна не како нешто кое по автоматизам, или обичај, или, како што велат оние што ништо не знаат за верата, чист обред, туку како голема тајна на нашето спасение. И заедно со крштевањето во Христа и да се облечеме во Христа. Тоа облекување не се случува во мигот кога се крштеваме и излегуваме од водата, па одеднаш да се облечеме во Христа. Облекувањето во Христа со спасителната облека е долг процес преку целиот наш живот. Тоа секогаш се постигнува преку борба и трошење на нашите сили, бидејќи за да се облечеме во Христа треба да се надминат и совладаат многу искушенија, соблазни, обмани и сè она што нè оддалечува од Бога. Затоа секој човек со своето крштевање го прима овој подвиг како животна задача преку целиот негов овоземен живот. И секој еден од нас е должен до крајот на својот живот да ги повторува зборовите: „Јас во Христа се крстив и во Христа се облеков“.

Тогаш нашата вера ќе ни биде жива и делотворна. Тогаш луѓето ќе прават добри дела не со присила и не со наредба, туку по заповед на срцето свое од љубов и доброволно.

Драги браќа и сестри, да допуштиме празникот на Богојавление да ги обнови во нас духовните сили, да ја сочуваме верноста на Спасителот со Кого ние сме соединети преку крштението, Кого Го имаме примено во нашите срца преку крштевањето и на Кого сме должни да Му бидеме верни до крајот на нашиот живот. Амин!

Митрополит Тимотеј

                                                                                                            19.01.2011 год.
Богојавление – Водици

Охрид

vodici 20111

vodici 20111 2

vodici 20111 4

vodici 20111 6

vodici 20111 8

vodici 20111 10

vodici 20111 12

vodici 20111 14

vodici 20111 16

vodici 20111 18

vodici 20111 20 1

vodici 20111 23 1

vodici 20111 25 1

vodici 20111 27 1

vodici 20111 29

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1