На 20.01.2011 година, денот кога го чествуваме празникот Собор на св. Јован Крстител, во црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им се обрати на присутните верници со пригодна поука и го прекрши празничниот колач.
Nike air jordan Sneakers | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth