Светата Тајна Крштение има есенцијално и сотириолошко (спасоносно) значење за човекот, бидејќи преку оваа света Тајна ние влегуваме во домот на „Предвечната Премудрост – Црквата“. Оваа света Тајна е прва и неопходна за секој еден човек зашто според зборовите Христови: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Царството Божјо“ (Јован 3,5) и уште „кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен“ (Марко 16,16).
Authentic Nike Sneakers | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
Следејќи ги и живеејќи според зборовите на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Црквата се грижи да не изгуби и да не остане некрстен ниту еден човек на овој свет. Во овој дух, нашата света епархија, на чело со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ја поздрави и ја благослови иницијативата за групно крштевање на празникот Богојавление – Водици, на денот кога и нашиот Спасител се крстил во Јордан. Во осветените води на Охридското Езеро, светото Крштение го примија повеќе од триесет души, деца и возрасни, па и цели семејства. Светото Крштение го изврши свештеник Никола Христоски, парох на Првата охридска парохија.
Крштевањето, како света Тајна на повторно раѓање, ни ги отвора портите и нè прави подобни и за примање на благодатта и преку другите свети Тајни во Црквата Христова. Па така, веднаш по крштевањето се извршува уште една света Тајна – Миропомазанието, или помазувањето со свето Миро, преку која ни се дава благодатта и силите на Светиот Дух, за да можеме да напредуваме во нашиот нов, христијански живот и „да останеме непобедливи борци против оние кои попусто непријателствуваат против нас“.
Од името на нашата епархија им го честитаме името на сите новокрстени и им посакуваме успешен христијански подвиг, та достојно да го носат името Христово. „Вие што во Христа се Крстивте, во Христа се облековте“! Амин!
Ѓакон Н. Ѓурѓиноски