На ден 14.02.2011 година, а по повод празникот на св. мч. Трифун, света архиерејска Литургија се отслужи во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и повеќе свештенослужители на Македонската православна црква. По завршувањето на Литургијата беше извршен мал водосвет, а потоа беше извршено и годишното закројување на лозовиот насад. На присутните верници со пригодна беседа се обрати Митрополитот Тимотеј, а истата во целост ви ја пренесуваме:

Authentic Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Живееме во време на современ плурализам. Отсекогаш, сите политички партии и организации се натпреварувале во различни реални и нереални ветувања,  за да придобијат свои приврзаници и гласачки апарат, а сè со цел да ја освојат власт и да го уредуваат општествениот живот. Без исклучок, сите, од памтивек до денес нуделе најразлични благодети и привилегии за своите следбеници, само да ја освојат саканата позиција и власт. За доаѓање до посакуваната цел се користеле со дозволени, но во најголем дел од случаите и со недозволени средства, ветувајќи нереални позиции и привилегии.

Но, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, кога ги избира Своите апостоли и следбеници, Тој, обратно од овоземните политичари и партиски лидери, на Своите ученици и следбеници не им нуди никакви привилегии, но, напротив, им кажува дека во нивниот живот и нивниот пат не ги чекаат никакви овоземни благодети, ниту чест - ниту власт, туку им ја открива горката вистина, повикувајќи ги на страдање. Им го преточува трновиот пат, маки, страдања, прогон, затвори, па дури и мачење и маченичка смрт, но на крајот, победа над сето тоа и вечен живот.

Апостолите, следејќи го Господа Христа во Неговиот возвишен пат за спасението на луѓето, слушајќи ги Неговите зборови на Неговата возвишена наука и гледајќи ги Неговите многубројни чуда, исцелувања на многуте болни, воскреснувањето на мртвите, дошле до лично убедување дека е Он Син Божји - Спасител на луѓето и ветениот Месија. Со таа вера во нивните срца се вселува и Христос, а со Христос и Божествената љубов. Во нивните срца се раѓа желба да ја пренесат и да ја прошират Христовата наука по севкупниот тогашен свет. Тие биле свесни  за сите искушенија и страдања, но истовремено биле и очевидци и сведоци на големите дела на својот Учител, па биле подготвени и своите животи да ги положат, откривајќи им го на тогашниот свет непознатиот Бог и Неговата наука.

После апостолите, и првите следбеници на првата Христова црква биле подложени на слични страдања и маки, како и апостолите. Затоа и еден многу ран учител на Црквата, Тертулијан, ќе каже: „Крвта на мачениците е семе за нови христијани“. Токму заради тоа, и патот на христијаните не е постелен само со миризливи цвеќиња, туку  повеќе е исполнет со бодликави трње.

И нас, во животот нè снаоѓаат разни беди, искушенија и многу непријатности, и тоа толку повеќе, доколку не живееме според волјата Божја и според Неговиот свет закон. Св. Ефрем Сирин вели: „Кога би можело да се добие Царството без мака и искушенија и трпеливи подвизи, Бог не би допуштил светителите и угодниците Божји да поднесуваат страдања и маки“. А св. Јован Златоуст, пак, вели: „Душата се чисти кога страда заради Бога. Она што е огнот за златото, тоа е страдањето за душата; страдањето ја измива нечистотијата на душата“.

Св. ап. Павле ни сведочи, на прв поглед една горка, но корисна вистина: „Сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети“ (2Тим 3,12). Но, во таква состојба, нашиот Господ Исус Христос нè утешува и ни дава морална поддршка да можеме во нашиот живот да ги поднесеме сите маки и страдања заради вечната правда и вистина, бидејќи ни ветил дека ќе биде со оние кои страдаат заради Него, а оние кои ќе издржат до крај ќе бидат спасени.

И денеска, кога го прославуваме св. мч. Трифун, кој го положил својот живот уште како момче заради верата во Христа, не сакајќи да се откаже од Христа и Неговото учење, светата Црква нè опоменува и нè потсетува да се угледаме на неговата цврста и непоколеблива вера, па да можеме и ние со вистинска вера да го исповедаме учењето на нашата света Црква. Од нас, во денешно време, Господ Исус Христос не бара мачеништво, но бара сериозно припаѓање и исполнување на законот и прописите на нашата света православна Црква, ако сакаме достоинствено и чесно да го носиме името православни христијани.

Затоа, да се обратиме со искрена молитва кон св. мч. Трифун, тој да ни даде сила и храброст да можеме сите маки и страдања што ќе нè снајдат во нашиот живот, достоинствено и христијански да ги поднесеме и да ни послужат за очистување на нашите престапи и гревови, па да можеме да го добиеме ветеното Царство небесно, што Господ го подготвил за секоја праведна душа. Амин!

Митрополит Тимотеј

Св. мч. Трифун
14.02.2011 година, Кавадарци

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6