На ден 16.02.2011 година, Завод и музеј Охрид официјално му го предаде во владение старото училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид на Дебарско-кичевската епархија, а според решението на Комисијата за денационализација на Република Македонија. На примопредавањето присуствуваа Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, директорот на Завод и музеј Охрид Тања Паскали – Бунташеска и претседателот на Комисијата за денационализација на РМ г. Љубомир Јорданов.