Според востановената богослужбена пракса во нашата света православна Црква, во петоците од првите пет седмици на Великиот пост е предвидено да се служи Мало повечерие заедно со Акатист на Пресвета Богородица. Во првите четири петоци Акатистот се дели на четири дела (статии), а во последниот, петтиот петок тој се чита целосно.
jordan release date | Men's Footwear
Во првиот петок од Великиот пост, во храмот „Св. Богородица - Каменско“ во Охрид, попладнето на 11.03.2011 година, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а во присуство на многуброен верен народ, кој се помоли со искрени молитви кон Пресветата Мајка Богородица и ја целива нејзината света икона.