Великиот пост, според светите отци,  е еден вид патување чија крајна цел е Воскресението Христово – Пасха. Но, иако е крајната цел Пасха, на крајот од секоја седмица има специјален застој, односно очекување на таа цел. Тоа се двата евхаристиски денови, сабота и недела, денови во кои светата православна Црква дозволува да сед служи целосна света Литургија.

Running Sneakers | Women's Nike Superrep

На 12.03.2011 година, во првата сабота од Великиот пост, која е посветена на св. Теодор Тирон, позната уште како и Тодорова сабота, а во која го славевме и споменот на св. Агатангел Битолски, во храмот „Св. Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Игор Никовски и Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На богослужението присуствуваа мноштво верници, кои речиси без исклучок пристапија кон светиот Путир и се причестија со Светата Крв и Тело Христово. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри!

Онака како што грижливата мајка посветува внимание на воспитувањето, на образованието, на здравјето на своите телесни деца, така и духовната мајка, односно светата Црква посветува грижа за своите духовни чеда.

Затоа и ги востановила овие денови на Великиот пост, кога нè потсетува дека како деца Божји треба секој од нас да се подготви за да се соедини со нашиот Спасител Господ Исус Христос. Според учењето на светата Црква ние сме должни да одговориме на тој повик со подготовка, со воздржување, со пост и молитва. За време на Великиот пост нашата Црква од нас бара воздржувања од мрсни јадења и силни пијалоци, но исто така воздржување и од прејадување на посна храна. Но, јадењето и пиењето, односно нејадењето и непиењето, не е главна цел на постот, туку покрај ова, од нас се бара воздржување од нашиот јазик и сè она што внесува вознемиреност во нашите души и секакви суети во нашиот живот. Воздржувањето е добар залог за да можеме деновите на постот да ги поминеме онака како што доликува, но и полезно за нашите души и тела.

Во денови на постот светата Црква нè ограничува не само во светски веселби, туку нè ограничува и во духовните веселби и торжества. Во овие денови светата Црква нè остава без секакви торжества, па дури и светите Литургии се заменети со Преждеосвештени. Христијаните во овие денови се обврзани на воздржување и трпеза со скромни јадења и пиења. Но, тоа не е суштина на постот. За време на постот, христијанинот треба многу повеќе да се труди да ги посетува храмовите, да стои на молитва и во молчење. Треба повеќе време да помине во читање на Светото писмо и на делата на светите отци, да размислува за Бога и за христијанските добродетели. Ако некој христијанин нема такви услови во својот дом, тогаш таа атмосфера и такви услови ќе најде во Божјиот дом. Тука во храмот се приклучува во богослужбениот поредок и ја потхранува својата душа со Божјата благодат и ја помага својата душа да може полесно да се собере во себе и подлабоко да загледа во своите грешки и престапи и за нив да се кае. Само така ќе добиеме опростување од Бога и спасување на својата душа. Во овие денови ние често просиме од Бога, Он да ни ги отвори нашите очи и да ни помогне да ја согледаме нашата гревовност. Сите овие денови, освен во сабота и недела, ја читаме молитвата на свети Ефрем Сирин, во која се вели: Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите согрешенија... и согледувајќи ги да принесам покајание.

Да го примиме овој повторен повик од светата Црква како дар на Божјото милосрдие и како дар за нашето спасение. Да му принесеме на Бога - воздржување, покајание, очистување на нашите души од секакви нечистотии и да се причестиме, односно да се соединиме со светите тајни Христови. Да ни биде претстојниот пост духовна пролет. Господи прими ги нашите молитви и спаси нè. Амин!

Митрополит Тимотеј

Тодорова сабота
12.03.2011 година, Охрид

TODS2011 2 1

TODS2011 4 1

TODS2011 6 1

TODS2011 8 1

TODS2011 10 1

TODS2011 12 1

TODS2011 14 1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2