Во петтата недела од Великиот пост светата православна Црква го прославува споменот на преподобната Марија Египетска. Нејзиното житие е вистинска ризница која ги збогатува со прекрасни совети нашите животи. Таа е вистински пример како човекот може да го промени својот живот и како може да ја прифати Божјата волја како своја. Таа е симбол на покајанието. Токму затоа и светата Црква одредила нејзиниот спомен да се слави во петтата недела од секој Велигденски пост.
Sports brands | NIKE AIR HUARACHE
На денот на нејзиниот спомен, на 10.04.2011 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), игумен Јосиф, свештениците Игор Никовски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, нашиот Митрополит им се обрати на верниците со пригодно слово и им подели нафора.