Влегувајќи во последната седмица од Великиот пост, наречена уште Страсна седмица или седмица на страданијата Христови, се приближивме кон вратата која ни го дава предвкусот на Царството Небесно – Пасхата (Воскресението) Христова. Токму овој зрак светлина, кој низ целиот пост ни светлеше ја прави великопосната тага – радосна. Но, особено во овие последни дни од овој пост, потребни се засилени молитви и засилено учество во молитвите кои светите оци ни ги пропишале, а особено на светите Литургии. Водејќи се според типикот (богослужбеното правило) и во нашата света епархија деноноќно се вршат богослужби, и тоа во првите три дена од страсната седмица сите заедно собрани во храмот „Св. Богородица – Каменско“, а во наредните денови во сите храмови.
Sportswear free shipping | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD
На 19.04.2011 година, Велики вторник, но и ден кога го празнуваме споменот на упокојувањето на св. Методиј Солунски, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходно осветени дарови на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), свештеник Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј им подели нафора на присутните верници.