Како што секој човек и секој народ има свој идентитет, така и Црквата како заедница на верни и Тело Христово има свој идентитет. Светите оци јасно и еднодушно исповедаат дека идентитетот на Црквата е светата тајна Евхаристија, зашто само преку учеството во светиот Путир ние сме во Христа и Христос е во нас. Ние стануваме Тело Христово, стануваме вистинска Црква, а наша глава е Спасителот. Оваа света тајна ја востановува самиот Христос на Тајната Вечера, последната вечера пред распнувањето, на која заедно со своите најблиски ученици, апостолите, ќе ја јаде Пасхата. „Ова правете го во Мој спомен, зашто кога и да го јадете овој леб и кога и да ја пиете оваа чаша, ја возвестувате Мојата смрт и Моето воскресение го исповедате“ (молитва на анамнезата од Василиева Литургија).

Authentic Sneakers | Sneakers

На 21.04.2011 година, на Велики Четврток наутро, денот кога го празнуваме споменот на Тајната Вечера и востановувањето на светата Причест, света архиерејска Василиева Литургија беше отслужена во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештеник Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Поради новопоставениот под во овој наш храм, Митрополитот Тимотеј, пред започнувањето на Литургијата, изврши преосветување на истиот. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, кој, подготвен со пост и молитва, пристапи кон светата Чаша. По завршувањето на Литургијата, според обичајот на нашата света православна Црква, беше извршен општ маслосвет. 

VELIKICETVR2011 2

VELIKICETVR2011 4

VELIKICETVR2011 6

VELIKICETVR2011 8

VELIKICETVR2011 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6